Во контекст на протестите и контра-протестите против општиот акт на прекинување на сите кривични постапки против претставници на власта и опозицијата, која претседателот Ѓорге Иванов ја поднесе како начин на излез од политичката криза, ЦИВИЛ Медиа разговараше со Народниот правобранител, Иџет Мемети.
[youtube width=”600″ height=”400″]https://www.youtube.com/watch?v=JohuiAXuJys[/youtube]
По ескалирањето на вчерашните протести на кои, во судир со полицијата имаше 13 приведени, а и повредени демонстранти, Мемети изјави дека ваквата одлука на Претседателот била очекуван потез, како и ваквата реакција на граѓаните.
За денешните протести Мемети упати предупредување до претставниците на Министерството за внатрешни работи да не помислат да употребат прекумерна сила и на тој начин да го повредат човековото право на протест.
Биљана Јордановска