• Latest

МОДЕМ: Провладините медиуми ги навредуваат продемократските демонстранти

June 1, 2016

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
Запорижја, Украина, 29 јуни 2026 (фото: ДСНС)

Русија со нов масовен напад врз Украина: загинати цивили во Днипро и Запорижја, Кијив бара засилена заштита на украинското небо

June 29, 2026

Мицкоски бара внимание

June 29, 2026
(архивска снимка) Максим Димитриевски на конференција на ЦИВИЛ

Политички дуел меѓу СДСМ и ЗНАМ: Кој е сателит на власта, а кој е во „политички стечај“?

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го обвинува лидерот на СДСМ за молк по објавувањето на дипломатска нота од Бугарија

June 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

МОДЕМ: Провладините медиуми ги навредуваат продемократските демонстранти

June 1, 2016 13:28
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

“Ако е против власта, не е ниту граѓанско, ниту народно.  Телевизиите со провладина ориентација (Сител, Алфа, Канал 5 и ТВ Нова), во врска со движењето ‘Протестирам’ и протестите од Шарената револуција, упорно и синхронизирано ја повторуваа фразата ‘хулиганите на СДСМ и на Сорос’“, пишува во  петтиот месечен извештај на Институтот за комуникациски студии, објавен во рамките на проектот „Мониторинг на демократијата во Македонија“ – МОДЕМ. Според извештајот, „главната комуникациска стратегија на владејачката партија има за цел да ги замолкне, делегитимира и демонизира сите критички гласови“.За разлика од Шарената револуција, контрапротестите на движењето ГДОМ на провладините медиуми беа нарекувани „граѓански“ и собири на „народот“.

„Од друга страна, неутрално-критичките телевизии многу поретко известуваа за собирите на ГДОМ, а почесто за протестите на Шарената револуција. МРТ на своите два сервиса известуваше информативно и балансирано за двете движења”,  е заклучокот на петтиот месечен извештај објавен од Институтот за комуникациски студии – ИКС. Извештајот се базира врз следењето на медиумските содржини емитувани на Јавниот радиодифузен сервис и на комерцијалните телевизии со национална концесија, во периодот од 16 април до 7 мај 2016 година.

GBHDT

“Најрелевантната тема во медиумското известување во овој период беа протестите на граѓанското движење ‘Протестирам’. Начинот на кој провладините телевизии известуваа за протестите го потврдува феноменот ‘протестна парадигма’, односно, известувањето на медиумите за различни социјални протести е често насочено кон дискредитирање и маргинализирање на протестните дејствија или пак, кон промовирање и фаворизирање на едната страна односно, демонизирање и деградирање на другата страна во социјалниот конфликт. Колку повеќе социјалните протести се насочени кон промена на општествените услови, норми и политики, толку понегативно тие ќе бидат претставени од медиумите”,  стои во извештајот, и се истакнува дека овој начин на известување е засилен во системи во кои медиумите се под силна политичко-идеолошка контрола.

“Главната комуникациска стратегија на владејачката партија има за цел да ги замолкне, делегитимира и демонизира сите критички гласови, почнувајќи од најсилните кои доаѓаа од секојдневните собирања на граѓаните мобилизирани во Шарената револуција, до оние на претставниците на меѓународната заедница. И во овој период се чини дека ‘стравот’ на структурите на моќ од дејствијата преземени од Специјалното Јавно обвинителство предизвика оваа институција да е предмет на најсилни напади и дискредитации”, се наведува во извештајот.

Извештајот е изработен во рамките на проектот „Мониторинг на демократијата во Македонија“ – МОДЕМ, кој има за цел да утврди дали медиумите ги почитуваат професионалните стандарди во известувањето за политичките актери, утврдени во Кодексот на новинарите на Македонија и во кодексите на меѓународните организации во текот на предизборниот период.

Заклучоците и согледувањата изнесени во овој извештај се добиени врз основа на квалитативна анализа на 11 програми на вести и 38 изданија на 11 различни актуелно-информативни емисии на јавниот сервис (МТВ1 и МТВ2) и на 7 приватни телевизии (Сител, Канал 5, Алфа, Телма, Алсат М, 24 Вести и ТВ21).

Tags: МакедонијаМедиумиМОДЕМПротестслободаЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ