• Latest

Молчењето е злосторство

May 4, 2016
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Молчењето е злосторство

May 4, 2016 14:17
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

На тема: “Злосторството на молчењето”, денеска по трет пат заседавше симболичниот суд на правда на граѓанското општество – Tribunus Civilis. Судската расправа има за цел да ги посочи и да посведочи на сите состојби кои го овозможија развивањето на автократскиот систем во Република Македонија. Расправата ја отвори Питер Ванхауте, кој зборуваше за стравот во кој живеат луѓето во Македонија и за младите кои сонуваат да ја напуштат државата. 

DSC_0044
Проф. Љубомир Д. Фрчкоски

Оваа судска расправа беше организирана без судии, само со сведоци. Првиот сведок кој се обрати беше професорот Љубомир Фрчкоски. Фрчкоски зборуваше за значењето на денешната расправа ја подигнувањето на јавната свест, за поддршка на отпорот кон диктатурата. Професорот ја осуди како што тој ја нарече циничната образовна фела која со молчење е нем слуга на владејачката гарнитура. “Јазикот кој се користи во диктатурата е нејазик, тоа се мимики кои добива вредност и значење само кога се користат од лидерот. Па така реалноста добива друга димензија. Економската криза не е криза, тоа е пречка која само ВМРО-ДПМНЕ може да ја победи”, истакна Фрчкоски во своето обраќање.

DSC_0051
Ерван Фуере

Свое обраќање имаше меѓународниот поддржувач и пријател на Судот, Ерван Фуере. Тој зборуваше за криминалот на молчењето, за одбивањето да се зборува против кршењето на основните човекови права. Фуере го осуди начинот на кој владејачката партија ја спроведува својата агенда, со наметнување на страв во јавната администрација, во судството, за проблемите во медиумите и во избирачкиот процес. “Сите кои се против и кои зборуваат гласно за тоа се предавници. Сепак, невладините организации и покрај сите притисоци продолжуваат да работат”, вели Фуере. Ги посочи и последните извештаи од релевантни меѓународни организации кои зборуваат за состојбата во која се наоѓа Македонија. “Според последниот извештај на Фридом Хаус, Македонија повеќе не е слободна земја во однос на медиумите. Тука е и извештајот на Прибе, и годишниот извештај на Стејт департментот за човекови права во светот, каде корупцијата и владиното нецелосно почитување на владеењето на правото се главни забелешки”, потсети Фуере.

DSC_0025

“Никола Груевски, продолжува да тврди дека незаконски снимените телефонски разговори, се направени од странски служби за прислушкување, без да посочи кои се тие. Во тоа повеќе никој не верува”, продолжи Ерван Фуере , зборувајќи за притисоците од владејачката партија. Како еден од проблемите со кои Македонија се соочува во моментов е и аболицијата на претседателот Иванов. “Ниту претседателот не е над правото, но очигледно тој тоа го заборавил”, смета поранешниот амбасадор на ЕУ во Македонија.

Неговиот говор, Фуере го заврши со “светлината во државата”, а тоа се илјадниците демонстранти кои секојдневно протестираат против владата. “Тие се наречени хулигани, што е карактеристично за авторитарни влади, кои се плашат од народот. Но тие не протестираат за безплатни сендвичи, протестираат затоа што им е доста да не бидат почитувани, и некој постојано да им ги крши човековите права. Тие имаат што да кажат, и мора да бидат слушнати”, порача Фуере.

DSC_0055

Другите сведоци кои се обратија пред присутните на денешното рочиште беа: Уранија Пировска, Ана Чупеска, Наталија Поповска, Слободан Унковски, Стево Пендаровски, Бранко Тричковски и Огнен Спасовски. 

Марија Теговска

 

 

Tags: демократијаМакедонијамолчењеПротестрочиштестравсудењеЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ