• Latest

Момент на вистината за Заев и Ципрас

January 24, 2018
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Момент на вистината за Заев и Ципрас

January 24, 2018 10:55
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас ќе се сретнат на Светскиот економски форум во Давос, денеска попладне. Оваа средба ќе се одржи во денови на зајакнати активности на двете влади и обновени националистички тонови на двете страни од границата. За среќа, националистите и во двете земји се во опозиција во овој период. И македонскиот и грчкиот премиер покажаа лидерска зрелост и волја да го надминат апсурдниот децениски спор околу името на Република Македонија, кој им нанесува големи штети на двете земји.

Двајцата лидери ќе се сретнат денеска со цел лично да се уверат во подготвеноста да постигнат решение за спорот.

Денешната средба има шанси да биде момент на вистината, кога и Заев и Ципрас ќе имаат можност да ги повлечат првите решителни (иако неформални) потези и, да се надеваме, ќе поведат искрен и конструктивен разговор за горливата тема. Очекувањата се високи. И двајцата лидери до сега излегоа со храбри и визионерски изјави кои ги приближија земјите за прв пат по осамостојувањето на Македонија од некогашната југословенска федерација. Како што објави ЦИВИЛ Медиа, Ципрас деновиве изјави дека „ќе биде национална глупост да не се искористи шансата за решение на спорот“ и дека е решен да го надмине спорот, без оглед на штетата што ќе ја претрпи.

Голем проблем на грчките националисти им е и Уставот на Македонија, поточно, членот 49, за “правата на луѓето што припаѓаат на македонскиот народ во соседните земји и раселени Македонци”, што тие го толкуваат како иредентизам.

Ципрас се соочува со сериозни предизвици дома. Ужива огромна поддршка во јавноста, но и жестоки противници, дури и во редовите на коалиционата влада која ја предводи. Иако не е премногу гласен, коалициониот партнер Панос Каменос, лидерот на Независни Грци (Анел), се противи на решение за името кое ќе го содржи зборот Македонија. Министерот за внатрешни работи, Панос Скурнитис, кој е од редовите на владејачката СИРИЗА, изјави дека “Каменос ја изразува позицијата на својата партија, а не на владата” и ја повика АНЕЛ да не го минираат „вистинскиот национална напор кој е во тек”.

И црквата се подели по ова прашање. Додека верскиот лидер, архиепископот Иеронимос го поддржува Ципрас, солунскиот митрополит Антимос е еден од предводниците на протестите против компромисно решение на спорот со името. Синодот закажа средба во петок, на која ќе се направи обид да се усогласи ставот по ова прашање. Во меѓувреме, се подготвува уште еден протест против компромис со Македонија на 4 февруари.

Џ.Д.

Tags: ГрцијаДавосЗаевиметоМакедонијаСиризаспорЦипрас
Share3TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ