• Latest

Мршојадци пред умирање

November 16, 2017

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Мршојадци пред умирање

November 16, 2017 07:30
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Локални функционери од ВМРО-ДПМНЕ, јас сум како што многу добро знаете, од ретките коишто можат со чиста совест да кажат дека без калкулации, посветено преку две децении работи на подобрување на општествено-политичките процеси и особено на статусот на социјално загрозените и обесправени по разни основи граѓани. Да, бескомпромисен борец за човекови права.
Но, зарем заборавивте дека мене ми се обраќате? Не се обидувајте преку мене да го храните револтираното ваше членство, поради изборното фијаско што го доживеавте. Премногу сум храбра и одлучна, професионална, за да бидам плен на „мршојадци пред умирање“. ПР советниците, грешно ви сугерирале, да креирате медиумска стратегија на доблесни политичари загрижени за човечките судбини. Зашто тие – не сте вие! 

Пишува: Моника Талеска

Зборавивте ли дека јас сум истата новинарка, на која што не ѝ ги плативте придонесите за здравство, во тежок момент, кога требаше да одам на операција, зашто имав тумор на лицето.
Заборавивте ли дека не сакавте да ги чуете моите молби. Да. Се работеше за здравје.
Два пати вашите партиски пиони, ангажирани во ТВ Прилеп, ми дадоа отказ поради мојата објективност во информирањето, без око да ви трепне, а бев самохран родител.
Заборавивте ли дека со бодигарди со и без репови… ми забранувавте да влегувам на работно место, не можев да си ги земам ни приватните предмети од фиока во медиумот, којшто пред вас беше медиумска куќа, во која слободно влегуваа сите граѓани на Прилеп.
Ми вршевте стравотен политички мобинг, на колегите им забранувавте со мене да разговаат, немав биро, ни стол каде да работам, се влечев по судови. Само поради една причина,. ОБЈЕКТИВНО ИНФОРМИРАЊЕ.
Згора, на моето дете му ја зедовте и стипендијата во средно образование, вие партиските кадри на ВМРО-ДПМНЕ.
Ве разбирам, дека сакате да се издигнете повторно од пеплиштата на политичкиот виор, во кој потонавте, но не можете преку мене! Ви треба доблест да понесете одговорност за вашите дела и злодела.
Да ве потсетам, додека месечно ви се слеваа дома, по неколку илјади евра, кога јас Моника Талеска ве молев како човек, а не како новинар, без да знае јавноста, да продолжи со работа народната кујна, со цел што поскоро сиромашните, најгладните граѓани да не останат без леб.
Заборавивте ли дека додека уживавте во вашиот раскош и самобендисаност, кога пак јас, како човек, барав помош за граѓанинот којшто спиеше со змиите, без струја и вода во руинирана куќа наспроти манастирот Архангел Михаил. А, го нарековте човекот умоболен, зашто не заработувал, или крајно тој „мора да е мрзелив“. Ова е вашиот код, овој е вашиот чип. Сиромашните и немоќните вие вака ги третирате.
Зарем вие на кои што око не им трепнува за овие граѓани мене се осмелувате да ме критикувате?
Сите заедно да се соберете, ја немате силата и храброста, човечноста и хуманоста што ја имам јас. Зашто сум човек кој не прави калкулации со животот на луѓето, со нивните судбини, зашто кога требаше вие да им пружите помош на обесправените, зашто ги имавте обврските и ингеренциите, јас бев таа што организира хуманитарни акции, зашто немав срце да ги гледам нивните страдања. Тогаш немавте време за луѓето на маргините, оти бевте ангажирани со патувања, во Австралија, Америка, со разни фестови и пиенки и јаденки…трошејќи ги нашите пари, парите коишто требаше да се слеат како храна во устите на сиромашните родители и деца.
Среќавав луѓе професионално, коишто ме бараа да ги поделат со мене страдањата. Некои од нив беа во длабока депресија, зашто се чувствуваа немоќни да им помогнат на децата, а вие тогаш уживавте, им вртевте грб, не се отповикувавте на медиумските приказни, на нивниот крик за живот, а тие имаат право на живот како и вие.
Човек не станува хуман, туку хуман се раѓа!
Партискиот стражар во домот за стари ми го фрли микрофонот, дури и демонстрираше подготвеност физички да ме удри, само затоа што ја презентирав вистината за штитениците, кои беа оставени без соодветна храна, без греење, во институција која беше извор на нечистотија.
Да го потсетам Петар Ристески, координаторот на ВМРО-ДПМНЕ. Наместо да се засрамите што дозволивте болницата да тоне во хаос, без опрема и потребен кадар, вршевте политички мобинг врз вработените во болницата, партиски знамиња веевте од службено возило како директор на Здравствен дом. Ви ја разбирам мечтата, но нели сте преамбициозен стоматолог, кој сака само да биде директор на болницата поради привилегиите, пред врвните специјалисти во болницата?
Марјан Ристески, сега кога не си градоначалник пак ке те потсетам, на двочасовните закани по телефон, ако продолжам да работам против твојата агенда… „ќе видиш ти што ќе ти направам…?“ , повторуваше сè додека ти кажав дека ќе те пријавам ако продолжиш натаму да ми се закануваш.
Јавноста многу детали од мојот професионален дневник на страната на мизеријата на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп не ги чула.
Затоа, не продавајте магла. Јас бев, сум и ќе бидам секогаш на страната на обесправените, на граѓаните од социјално загрозените семејства,на страната на борците за човекови права, зашто јас сум хуман човек по вокација.
А, сега за несреќата.
Да, се случи несреќа, на 30 октомври, ден пред да почнам да работам во Општина Прилеп. Навечер, во мрачните улици што Марјан Ристески му ги остави на градот. Јас повикав итна медицинска помош, ѕвонев два пати броејќи ги секундите загрижена за здравјето на жената. Јас и уште еден граѓанин, повикавме полиција. Два дена, колку што беше во болница ја посетував, нејзиното здравје ми беше единствен приоритет. Впрочем, така размислува секој човек, кој не планира сценарија, туку сочувствува. Од моментот,кога е пуштена дома,по два дена, сопругот ми кажа дека сакаат да се средат, потоа би можела да ја посетам. Оттогаш натаму не сум ги видела луѓето, ниту сум контактирала некој од нив. Секој ваш збор дека сум и вршела притисок, дека сум изнудувала криење факти се само ваши конструкции, пуста желба, но само виртуелна, без основ.
Дамките коишто се обидувате да ги фрлите врз рејтингот на новиот градоначалник Илија Јованоски,се чист популизам, ваш познат политички манир, но безуспешен.
Етикетите не држат лепак, зашто не како градоначалник, бидејќи следниот ден почнав со работа, туку како беспрекорен доктор и мој пријател го викнав во моментов на несреќата. Какви притисоци, какви контакти и договарања, криења на факти. Не функционираат сите политичари по добро познатите сценарија на ВМРО-ДПМНЕ … во кои дури има криење факти и за убиства.
Но, ве разбирам, не можете да размислувате надвор од вашата партиска рамка.
Добронамерно ви советувам, пребројте се, фокусирајте се на себе. Соберете храброст, и имајте доблест да си заминете од функциите што се уште ги држите и во партијата, зашто вие сте целосно неуспешни и како екипа и како поединци, со вас партијата ќе потоне на дното.
Се надевам дека квалитетните кадри во ВМРО-ДПМНЕ ќе ја исчистат партијата од коровот, и дека конечно ќе прерасне во релевантен политички субјект на политичката сцена и на локално и на национално ниво.
На едно демократско општество му е потребна квалитетна опозиција, не збирштина на неуспешни, неодговорни, несовесни.
п.с. кога ќе одржувате следен прес, научете го првин сопартиецот да знае да чита, и не инструирајте млади момци и девојки да читаат невистини, тие доправа треба да го почнат животот. Вие бидете храбри и застанете пред јавноста!!! Вас да ви го чуеме гласот!
Да, заборавив. Автомобилот не беше регистриран, го зедов од автомеханичар, за да можам да го носам на регистрација. Направив прекршок, тоа е мој проблем и за тоа платив парична казна. Ќе беше светот премногу розов, додека бевте на власт, ако имавте само ваков прекршок, а не тешки кривични дела кои им висат на бројни функционери на вашата партија. Животот и иднината ни ја одзедовте во 10 мрачни години! Но, лице – ѓон, велат старите!

 


Објавено со дозвола од авторката. Насловот е редакциски. Преземањето на оваа содржина е дозволено само по 12 часот, на денот на објавувањето. Потоа, важат вообичаените правила според лиценцата Creative Commons 1.0.

Tags: ГрадоначалникмобингМоника ТалесканечесностПРПрилеппритисоцисообраќајна незгода
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ