• Latest

„Мрежа 23+“ : Неопходно е натамошно јакнење на независноста на судството

April 3, 2018

Вештачката интелигенција што создава подобра верзија од себе: Кога технологијата почнува да го забрзува сопствениот развој

September 5, 2026

СРПСКА СТВАРНОСТ: Нема избори без израелски прсти

September 5, 2026
Државни и воени почести за воениот злосторник, осуден доживотно од Хашкиот трибунал, Белград, 3 септември 2026

МРАЧЕН ЧИН: Србија го пречека ковчегот на воениот злосторник Младиќ со владин авион, војска и институционални почести

September 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Андонов со „викенд прашања“ до Мисајловски: За модернизацијата на Армијата, Воената академија и законската одговорност

September 5, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Без мажи – нема деца

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Муцунски - Сибига, Кијив, 4 септември 2026

Сибига и Муцунски во Кијив: Поддршка за Украина, европска интеграција и соработка во обновата

September 4, 2026

Воениот злосторник меѓу хашката пресуда и политичката митологија – анализа на Костовски

September 4, 2026
Фотографија: СДСМ

Филипче на одбележувањето на 35 години независност: Глигоров, Европа и одговорноста за иднината

September 4, 2026

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

„Мрежа 23+“ : Неопходно е натамошно јакнење на независноста на судството

April 3, 2018 13:59
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Неопходно е натамошно јакнење на независноста на судството, вклучително и на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, преку транспарентност во одлуките за именување и унапредување на судии и јавни обвинители, е еден од заклучоците од Извештајот во сенка за поглавјето 23: правосудство, борба против корупција и темелни права, што се однесува на периодот од мај 2016 до јануари 2018 година. 

Во извештајот се разгледани правосудството, со посебен осврт кон независноста, непристрасноста, одговорноста, професионалноста, компетентноста и ефикасноста на судиите и судовите, борбата против корупцијата, за што е образложена работата на Државна комисија за спречување на корупцијата, како и конфискација на имот и заштита на укажувачит.

Исто така се разгедани и темелните права, за што е даден посебен акцент на Народниот правобранител, Уставниот суд, тортурата, затворите и притворите, ранливите  групи и недискриминација, слободата на собирање и здружување, слободата на изразување и плурализам во медиумите, правото на почитување на приватниот и семејниот живот и комуникациите, правото на слобода и безбедност. Наведени се мерки против расизам и ксенофобија и говор на омраза, криминал од омраза, заштита на малцинствата и културни права, како и заштита на личните податоци.

Велимир Деловски од Хелсиншкиот комитет нагласи дека носењето на Стратегијата е позитивен чекор во насока на наоѓање на одржливи решенија за состојбите во правосудниот сектор.

– Потребно е дефинирање на критериумите за избор на членови на Судски совет и дефинирање на терминот „истакнат правник“,  потребни се измени за воведување на механизми  за одговорност на членовите на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители и неопходна е поголема финансиска независност на судството, посочи Деловски.

Тој заклучи дека е добра определбата за вклопување на СЈО во рамки на ЈОРМ, со проширена надлежност за гонење на корупција од висок профил.

– За борба против корупција државата мора да ги имплементира препораките на ГРЕКО, со акцент на оние за судството, истакна Деловски.

Тој посочи дека во Извештајот е наведено дека Собранието треба сериозно да го разгледа Годишниот извештај на Народниот правобранител, и да утврди мерки за спроведување на дадените општи препораки.

Временскиот период што е предмет на овој извештај би можел јасно да се подели на три клучни етапи: период пред одржувањето на парламентарните избори, на 11 декември 2016 година, транзитен период по одржувањето на изборите, а пред конституирање на новата влада, на 31 мај 2017 година,  како и период од изборот на новата Влада, до крајот на јануари 2018 година.

Извештајот е подготвен и објавен во рамки на проектот „Мрежа 23+“ што го имплементираат Институтот за европска политика Скопје и Хелсиншкиот комитет за човекови права, а достапен е на македонски, албански и англиски јазик.


извор: МИА

Tags: „Мрежа 23+“СЈОсудски извештајУставен судХелсиншки Комитет
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ