Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, за ЦИВИЛ Медиа вели дека мултикултурата и мултиетничноста се силната страна на АРМ.
„Имаме на командни позиции лица од помалкубројните етнички заедници кои се покажале како врвни професионалци и ја оправдале довербата која им е дадена во тие позиции и јас го гледам тоа како исклучителна голема придобивка.
Впрочем, најголема доверба граѓаните имаат во армијата според анкетите што се прават, а тоа е поради мултиетничноста што се отсликува во нејзиниот состав“, истакна Петровска.
камера: Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети