• Latest

Мултикултурализмот во Штип: Прашањето за соживот во една мултиетничка, мултикултурна и мултиконфесионална држава бара политичка волја

May 10, 2023

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МУЛТИКУЛТУРА

Мултикултурализмот во Штип: Прашањето за соживот во една мултиетничка, мултикултурна и мултиконфесионална држава бара политичка волја

May 10, 2023 15:11
in МУЛТИКУЛТУРА, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ и оваа година спроведува проекти и активности за промовирање на мултикултурализмот и европските вредности во нашето општество. Еден од тие проекти е „Заедно за подобра иднина“ со поддршка од Министерството за надворешни работи на Големото Војводство Луксембург.

Во рамките на проектот, ЦИВИЛ подготвува анализа на состојбите на локално ниво. Со таа цел, испративме прашања до сите единици на локалната самоуправа со прашања за начинот на промоција и заштита на заштитува мултикултурализмот и европските вредности во нивната општина, како тие како локална самоуправа ги негуваат европските вредности и кои се нивните препораки до институциите на национално ниво.

Одговор добивме и од Општина Штип. Од нивните одговори се заклучува дека мултикултурализмот е успешна приказна во Штип, а локалната самоуправа го негува и заштитува мултикултурализмот во Општината. Државата,  пак, ја има  водечката улога во креирањето на политиките за соживот.

Во продолжение одговорот на доц.д-р Соња Николова, советничка за основно образование во Општина Штип:

доц.д-р Соња Николова, Општина Штип

„Имајќи го предвид етничкиот состав на населението во општина Штип (Според официјалните податоци од Пописот во 2002 г. во однос на етничкиот состав на населението во Штип, 87,18% се Македонци, 2,66% Турци, 4,59% Роми, 4,34% Власи и 1,23% останати, а според Пописот од 2021 77,5% се Македонци, 5,1% Роми, 3,5% Власи и 3,0% Турци. Останатите етнички заедници како Срби, Бошњаци, Албанци, Хрвати и др. се застапени со 1,1% ) општината припаѓа во редот на мултикултурни општини во регионот, а во тие рамки и општинските училишта се со мултиетнички состав. Токму поради ваквата етничка разноликост во училиштата, општина Штип континуирано ја следи и унапредува соработката во подрачјето на меѓуетничката интеграција, почитувањето на различностите, негувајќи ја мултиетничката и мултикултурна средина во образовните институции градејќи мултикултурна образовна интеграција.

Локалната самоуправа е основач на општинските училишта и преку нејзините органи и тела, како и преку донесување на одлуки во Советот на Општина Штип се промовира, заштитува и се негува мултикултурализмот. Во надлежност на Советот на Општина Штип се донесуваат следните документи кои се законската рамка, основа за сите понатамошни активности во делот на општинските училишта :

  • Донесување на Програми за образование во предучилишното, основното и средно образование, Стратегијата за МИО и МУ (меѓуетничка интеграција и младинско учество), Реонизацијата на јавните основни училишта на територијата на општина Штип.

  • Во општина Штип постои и „Одделение за услуги и информирање на граѓаните” кое работи како своевиден центар за односи со етничките заедниците каде вработените референти со својот работен ангажман успешно ги решаваат проблемите и потребите на граѓаните особено од ромската етничка заедница и доколку се јави потреба се координираат со останатите општински институции. Советот на Општина Штип на своите редовни седници ги усвојува акциските планови по кои овие вработени понатаму постапуваат и работно се ангажираат.

Општина Штип

Се поставува прашањето кога, каде и дали во ваквите случаи државата треба да реагира. Државата со нејзиниот институционален апарат ја креира стратегијата, политиката, законитоста и нејзиното спроведување во пракса. Не преземањето ништо и одобрувањето на ваквите постапки и отстапки, кои се стекнуваат по пат на политички уцени е ПРИМЕР и МОДЕЛ како НЕ ТРЕБА една сериозна држава претендент за членство во Европска Унија да постапува. Органите на Власта со целиот свој институционален механизам, ја имаат слободата но и одговорноста во креирањето на политиката и нејзиното спроведување.

Успешното решавање на вакви суштински прашања како што е прашањето за соживот во една мултиетничка, мултикултурна и мултиконфесионална држава бара политичка волја но и искрен ангажман од сите етнички чинители. Партиципативното учество значи не само барање придобивки туку и активен однос за градење на политики кои ќе доведат до реално заедничко живеење, признавање и почитување на различностите но и зачувување и негување на одликите на секоја етничката заедница.

Во таа смисла државата со нејзините механизми ја има водечката улога во креирањето на политиките за соживот како на државно, така и на локално ниво, а резултатите од нејзиното владеење ги чувствуваме сите.


Во прилог презентација на Општина Штип за мултикултурализам: Мултикултурализмот, мост кон подобра иднина
Tags: Заедно за подобра иднинамултикултурализамОпштина ШтипЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ