Публикацијата „Визуелните уметности во Македонија -ХХ век, Книга 2: Мултимедијална уметност“ на Сања Абаџиева се фокусира на строгата селекција на авторите од визуелните уметности во ХХ век, кои ги обележуваат зародокот, развитокот и подемот на визуелната емпирија што ги изместува кодовите на вообичаените дисциплини во оваа сфера на творештво.
Промоцијата ќе се одржи во Остен, а ќе ја промовира Небојша Вилиќ. Авторката на книга 2: Мултимедијална уметност, се фокусира на 42 творци, оние учесници во ликовното презентирање што биле нагласено иновативни и поекспонирани на изложбите изложбите во државата и во странство.
Акцентот е ставен токму на овие уметници, пред сѐ, поради флексибилниот начин на поместување и преплетување на границите меѓу сликарството, скулптурата и/или графиката со нагласување и на влегувањето во интердисциплинарни релации, мислејќи ги тука презентациите на самите концепти или идеи како уметнички ентитети, вклучувањето во делото на опкружувањето (екстериерот или ентериерот), дел од новите технологии, играта / танцот, нагласеното користење на неуметничките материјали …
Б.Ј.