Граѓанското здружение Легис упати повик за интеркултурна/спортска работилница со беглаци што ќе се одржи на 14 април во транзитниот центар за бегалци во Табановце, Куманово.
Работилницата има за цел да создаде простор за средби и директна размена на искуствата меѓу бегалците и локалното население и да ја подигне свест кај локалното население за ситуацијата на бегалците, од една страна, а од друга страна да помогне во намалување на социјалната инклузија на бегалците.
Повикот се однесува на млади луѓе, кои со заеднички активности со бегалците ќе можат подобро да ги разберат нивните гледишта.
Работниот јазик на работилницата е англиски. Патните трошоци ќе бидат целосно покриени.
Б.Ј.