• Latest
N. E. Petra Drexler
photo: Robert Atanasovski/ CIVIL

Н. Е. Петра Дрекслер: Ако сакаме да ги заштитиме нашите демократии, треба да се соочиме со предизвикот

December 20, 2024

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Лула повторно претседател на Бразил, нов предизвик за Трамп во Латинска Америка

October 26, 2026

Бугарија оди во втор круг: Јотова во водство, Ѓуров ја бара поддршката за пресврт

October 26, 2026
Александар Вучиќ го призна поразот( Фото: Скриншот од видео на EuroNews Србија)

По поразот на Вучиќ: Реакции од регионот и Европа

October 26, 2026

ИЗБОРИ ВО СРБИЈА | КЛУЧНИ МОМЕНТИ: Постизборна дискусија на ЦИВИЛ – Вучиќ падна – што се случи и што следува? (ВИДЕО)

October 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА

Н. Е. Петра Дрекслер: Ако сакаме да ги заштитиме нашите демократии, треба да се соочиме со предизвикот

December 20, 2024 15:22
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕМОКРАТИЈА, МЕДИУМИ, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
N. E. Petra Drexler
photo: Robert Atanasovski/ CIVIL

N. E. Petra Drexler photo: Robert Atanasovski/ CIVIL

Share on FacebookShare on Twitter

Н.Е. Петра Дрекслер на  „Меѓународната конференција: Одбрана на демократијата и човековите права во време на војни, национализам  и авторитаризам“, 12 декември 2024 година, Скопје

Она на што сега сведочите,  е пример за многуте придобивки од германскиот федерализам.

Не само што оваа конференција е иницијатива на Северна Рајна-Вестфалија, една од 16-те сојузни покраини на Германија, таа е исто така дел од инвестицијата во пошироко партнерство со Северна Македонија и со регионот како целина. Оваа заложба се заснова на убедувањето дека европската перспектива на земјите од Западен Балкан им служи на интересите на Северна Рајна-Вестфалија. Таа се заснова на стратешки интерес што е заеднички на национално ниво во Германија- нашата посветеност кон проширувањето на ЕУ.

Одбраната на демократијата и човековите права е суштинскиот принцип на европската идеја. Тоа е морална и законска обврска за владите, не само во Европа. За да ја исполниме нашата обврска, потребни се одржливи партнерства, партнерства меѓу владите, но и со граѓанското општество и медиумските актери.

Слободата на медиумите е и предуслов и барометар за почитување на човековите права. Тоа е исто така клучен столб на либерално-демократскиот поредок. Без информирана одлука, не може да има демократија.

Денес, обезбедувањето на информираното  донесување одлуки е еден од основните предизвици со кои се соочуваме. Со достапните ударни вести 24/7, се чини дека лошите вести не престануваат. Ветувањата за лесни решенија за сложени проблеми бидејќи најдобро се вклопуваат во видеото на TikTok или Youtube се токму тоа – лесно. Се чини дека нудат начин на подобрување без многу напор. Спротивставувањето на дезинформациите е тешко  со сложени аргументи.

Згора на тоа, таргетираните дезинформациски  кампањи си поигруваат  со стравовите на луѓето, како гласноговорници за лажните ветувања за лесни одговори. Станува се потешко подобриот аргумент да победи кога се чини дека лажниот е полесно решение.

Овде, во регионот, загрижува колку дезинформациите влијаат на чувствата на луѓето кон ЕУ. Може да се следи дека околу 10% од дезинформациите што кружат во регионот доаѓаат од Русија. Засилувачи на дезинформациите можат да бидат политичарите или медиумите, без разлика дали е тоа доброволно или непознато за самите актери. Кога дезинформациите доаѓаат од извори на кои треба да им веруваме, уште потешко е да се идентификуваат и да се отстранат погрешните информации.

Но, ако сакаме да ги заштитиме нашите демократии, треба да се соочиме со тој предизвик. Потребна е заедничка акција, меѓу владите и меѓу сите оние кои веруваат во либералните вредности.

Одбраната на демократијата и човековите права не е само обврска, тоа е предуслов за остварување на нашите заеднички интереси.

Оваа конференција дава можност преку отворена дебата да се идентификуваат можните заеднички акции. Дебата меѓу истомисленици учесници кои не мора да се согласуваат во сите нивни мислења и анализи, но кои се обединети преку заедничко убедување и заеднички интерес: одбрана на човековите права и правење на нашите демократии посилни.

Им благодарам на Северна Рајна-Вестфалија за поддршката на оваа иницијатива, ЦИВИЛ и МЕДИА Дијалог  што не собраа сите нас и сите партнери на вашиот настан, и ви посакувам плодна дебата и очекувам препораки за понатамошно заедничко дејствување!

Камера: Атанас Петровски/Игор Чадиновски

Монтажа: Ариан Мехмети

Фотографија: Роберт Атанасовски

Tags: „Одбрана на демократијата и човековите права“конференција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ