„Што се однесува до конститутивната седница на Собранието, само да потсетам дека постои и еден друг акт, а тоа е Деловникот на Собранието на Република Македонија. Според член 9 од овој Деловник, првата конститутивна седница ја закажува и води досегашниот претседател на Собранието, што значи сите дилеми паѓаат во вода“, рече денеска аналитичарот Сотир Костов, на панел-дискусијата „Македонија: Правно и политичко лимбо“, во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода.
„Ако се вратиме наназад ќе видиме дека од 1991 година е вака, имаме техничка влада, кога имаме прелевање или трансфер, до формирање на новата влада. Во овој правен вакуум, Владата на Република Македонија е таа техничка влада до формирање на нова влада. Од 1991 година, секогаш се наоѓавме во иста состојба. Зошто тогаш така не се однесувавме? Не велам дека не е спорно што одредени функционери имаат двојна улога, но тоа ни се случувало секогаш“, рече аналитичарот Сотир Костов.