• Latest

На 28 јули, Украина го слави Денот на Украинската Државност

July 28, 2023

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026

ЦИВИЛ бара од Владата да постапи одговорно и според законот: Величањето воен злосторник е политички, правно и морално неприфатливо

September 1, 2026
Бледски стратешки форум (Скриншот: Bled Strategic Forum YouTube Channel)

Бледски форум: Проширувањето на ЕУ е геополитичка потреба, Муцунски бара стратешка визија за Западен Балкан

September 1, 2026

Шести ден континуиран руски терор врз Кијив: Ракети „Калибар“ и „Циркон“, балистички проектили и 218 дронови во нов масовен напад врз Украина

September 1, 2026
Скриншот од видео на WLOS ABC 13 News

Русија се врати на масата на Г20, Европа возврати со бојкот: Бесент му порача на Силуанов – нема економско олеснување додека трае војната

September 1, 2026

Две години ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Секојдневен граѓански форум со ЦИВИЛ, гласно и бескомпромисно

September 1, 2026

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

На 28 јули, Украина го слави Денот на Украинската Државност

July 28, 2023 12:14
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Историјата на украинската државотворност своите корени ги влече од Кијивска Рус – средновековна држава чиј центар бил Кијив.

Усвојувањето на христијанството од страна на кнезот Володимир од Кијив во 988 година стана цивилизациски избор за Украина. Христијанството придонесе за подемот на културата и образованието, и воедно, даде поттик за развојот на кирилската писменост.

Токму на денот на почитување на споменот на истакнатиот државотворец Кијивскиот кнез Володимир Велики и на Денот на Крштевањето на Кијивска Рус-Украина е воспоставен Денот на Украинската Државност.

Денот на Украинската Државност во Украина нè потсетува на илјадагодишната историја на државотворноста на нашата земја. На овој празник се сеќаваме на сите фази на нашата државотворност – од Кијивска Рус до денес, и им оддаваме чест на сите оние кои вложија напори за Украина да постои како независна, демократска држава.

Државноста е олицетворение на патот на нацијата кон сопствена држава. Јадрото на државноста е волјата за самоопределување, историското искуство на народот, неговиот менталитет и правните традиции. А државата е начин да се обезбеди и гарантира интегралното постоење на нацијата.

Кијивска Рус ги постави темелите на државните традиции на Украинците. Оттука потекнуваат грбот, паричната единица и, што е најважно, Кијив како политички и културен центар на Украина.

Денот на Украинската Државност е нераскинливо поврзан со развојот на армијата и воените традиции. Бранителите на нашата државност се потомци на воините на Кијивска Рус, козаците, сичовите стрелци и војниците на Украинската востаничка армија (УПА). Современите вооружени сили на Украина, задржувајќи го агресорот – руската федерација, заштитувајќи го суверенитетот и независноста на Украинската држава, докажуваат дека Украинците се нација-армија.

Во текот на долгата историја, Украинците не ја напуштија борбата за слобода и стекнување државност.

Рускиот империјализам на различни начини и методи ги ограничуваше украинските национални државни институции и на крајот ги елиминираше до крајот на XVIII век.

Украина ја прогласи својата независност за прв пат во XX век на 22 јануари 1918 година.

За време на постоењето на комунистичкиот тоталитарен систем, ниту Гладоморот од 1932-1933 година, ниту масовните гладувања, ниту репресиите, ниту Големиот терор, ниту економските и политички експерименти не можеа да ги искоренат државните аспирации на Украинците. Кон крајот на 80-тите години на XX век, во услови на слабеење на командно-административниот диктат, повторно оживеа масовното национално-патриотско движење и се поставува прашањето за независноста.

На 16 јули 1990 година, Врховната Рада на Украинската ССР ја усвои Декларацијата за државен суверенитет. Прогласуваше надмоќ, независност, комплетност и неделивост на моќта на републиката во рамки на нејзината територија, независност и рамноправност во надворешните односи.

Со актот од 24 август 1991 година, Украина ја обнови својата независност.

На 28 јуни 1996 година се случи уште еден значаен настан – донесувањето на Уставот. Основниот закон конечно ја прогласи Украина за суверена, независна, демократска, социјална, правна држава, го призна човекот како највисока општествена вредност и воспостави владеење на народот.

Денес Украина заедно со целиот демократски свет ѝ се спротивставува на бруталната руска воена агресија против Украина. Украина се бори за својот суверенитет, заштитувајќи ги европските вредности.

Украина ќе победи!

Амбасада на Украина во Република Северна Македонија

Tags: државностУкраина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ