Проблеми со Избирачкиот список се присутни и на референдумот во Валандово. Граѓанинот Глигорие Џилвиџиев од Валандово, не можел да го оствари своето право на глас, зашто го немало на Избирачкиот список.
„Од 2008 година гласам на истото Избирачко место 284/1 во гимназијата ‘Гоце Делчев’, а сега, за референдумот, ме нема на Избирачкиот список, иако на електронскиот избирачки список на ДИК, ме има! Информирана е и Општинска изборна комисија во Валандово, но оттаму не ми дадоа никаков одговор зошто ме нема на Избирачкиот список. Известени се ДИК и ми рекоа дека утре ќе ме информираат за да ме има на списокот на следните избори. Како и да е, нарушено е моето право на глас!“, изјави за ЦИВИЛ Медиа, Глигорие Џилвиџиев, од Валандово.
[divide]
ЦИВИЛ ги објавува информациите од теренот на медиумската платформа на ЦИВИЛ Медиа, во рамките на проектот Слободни медиуми за слободно општество, финансиран од Федералното министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија
.