• Latest

На повидок коалиција на сите проевропски политички сили, eдно општество не е закана по идентитетот, загина украинскиот министер за внатрешни работи

January 18, 2023

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

На повидок коалиција на сите проевропски политички сили, eдно општество не е закана по идентитетот, загина украинскиот министер за внатрешни работи

January 18, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ТЕМА НА ДЕНОТ

На повидок коалиција на сите проевропски политички сили. Што значи и дали е возможен Фронтот за ЕУ за кој говори Али Ахмети?

Најавата за проширување на парламентарното мнозинство со Алијансата за Албанците (АА), внатрепартиските во Демократската унија за интеграција (ДУИ), како и повиците Али Ахмети, за формирање на сојуз за обединета Европа, го окупираат вниманието на јавноста. Од сето тоа, сепак, се издвојува изјавата на Ахмети со која, се чини, на повидок е создавање на голема проевропска коалиција на сите партии за да се достигне потребната поддршка за уставни измени во Собранието.

Претседателот на ДУИ Али Ахмети започна серија средби со граѓаните под мотото „Заедно за Европа“. Тој, меѓу другото, пред присутните рече дека без уставни измени не може да се отвори првото поглавје, затоа што скринингот е почнат и следната средба со ЕУ треба да започне во ноември.

„Најдобар начин да ги решиме нашите проблеми е да создадеме сојуз за обединета Европа, и сите да ги смират малку суетите, за што е можно поскоро да ги исполниме обврските дома и барањата од Европа и САД, затоа што треба да работиме за нашата татковина“ – рече Ахмети.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Битиќи: Едно општество не е закана по идентитетот, туку шанса за промоција на исклучителната единственост на секој еден

„Она што јас го гледам во глобализацијата не е закана од искоренување на јасното ЈАС, туку шанса за соработка меѓу народите, запознавање, толеранција и промоција на исклучителната единственост на секој еден, шанса да се запознаеме, а со тоа и да се почитуваме. Затоа мораме да продолжиме да работиме за нашето едно општество во чија основа е токму тоа, искрена намера да го запознаеме и цениме другиот и да создадеме безбеден простор да е свој и да добие шанса каква што посакуваме и за себе. Само така вистински ќе го ко-креираме нашето – Едно општество за сите.“, изјави меѓу другото вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, на  11-тата научна меѓународна конференција на тема „Предизвици на идентитетот, културното наследство, одржливиот развој и туризмот, поврзани со новите кризи“ во Охрид.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Осумнаесет лица загинаа, меѓу кои и министерот за внатрешни работи на Украина, откако хеликоптер се урна покрај градинка во источното предградие на главниот град Кијив, јавува ББЦ.

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел денеска се заложи за испорака на тенкови и повеќе опрема во Украина со цел да се обезбеди уште посилен отпор на рускиот агресор.

Поранешен командант на руската паравоена група „Вагнер“ побара азил во Норвешка откако дезертираше од платеничката група, пренесува Би – Би – Си.

ФЛЕШ ВЕСТИ

МКЦ В.д. директорот на МКЦ, Ванчо Богоев  е сменет од својата позиција поради неподлегнување на екстремните притисоци од Генералниот секретар на Град Скопје да потпише вработување за Арбен Шаќири.

КОНФЕРЕНЦИЈА  Денеска и утре ќе се одржи меѓународната научна конференција „Предизвици на идентитетот, културното наследство, одржливиот развој или туризмот поврзани со нови кризи“ во организација на Центарот за напредни истражувања, а во партнерство со „MIRAS“ – Социјалната Организација за Поддршка на проучувањето на културното наследство од Баку, Азербејџан, Универзитетот „Ајдин Аднан Мендерес“ од Турција како и списанието „Журнал“ за Глобални процеси од Мајами, Флорида, САД. Медиумски покровител на конференцијата е Цивил Медиа.

СКРИНИНГ Ковачевски упати апел до пратениците дека мора да покажат конструктивност во име на граѓаните и единство за благосостојба на нашите граѓани.

АЛ-ПРЕС

Барањето од група пратеници во албанскиот парламент до Уставниот суд да и се одземе мандатот на пратеничката Олта Џачка денеска е во фокусот на медиумите во Албанија. Косовските медиуми го цитираат Курти од интервју за швајцарски „Блиц“ во однос на повлекувањето на швајцарските војници од земјата, а во Ѓаковица, Хоџа, свештеник, фратар и шеих  помируваат три семејства. Ова е дел од изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Навиките да се шират невистини и дезинформации од центарот за пропаганда на ВМРО-ДМНТР, очигледно ќе продолжат и во оваа година затоа што веднаш после оваа лага за филмскиот фонд на браќата Манаки дојде и нова од пустата желба да се извалка МВР и министерот за внатрешни работи за случајот со бегство на осуденик на издржување на долгогодишна казна.“, извадок од колумната „ВМРО-ДМНТР, односно демантирана, продолжува да го шири вирусот на лаги“, од Зоран Бојаровски.

Д. Тахири

Tags: Дневник
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ