• Latest

На повидок коалиција на сите проевропски политички сили. Што значи и дали е возможен Фронтот за ЕУ за кој говори Али Ахмети?

January 18, 2023

Јавање на бранот: Анатомија на „дозволениот пребег“ и удбашката култура на владеење

October 19, 2026

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Од Париз и Тирана до Лисабон и Милано – протести, незадоволство и насилство на улиците

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Теророт на рускиот агресор продолжува: Ракети врз Кијив, дронови кон Лвив, а Путин би кроел „мир“ со Трамп и Си – за Украина без Украина

October 19, 2026

Изборна анализа на ЦИВИЛ: Брвеница го чека вториот круг – во трката останаа кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

October 19, 2026
Општина Брвеница

Радически со предност пред Јахиј: Брвеница оди во втор круг за избор на градоначалник

October 19, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

На повидок коалиција на сите проевропски политички сили. Што значи и дали е возможен Фронтот за ЕУ за кој говори Али Ахмети?

January 18, 2023 16:19
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

НАЗМИ АБДУРАХМАНИ

Најавата за проширување на парламентарното мнозинство со Алијансата за Албанците (АА), внатрепартиските во Демократската унија за интеграција (ДУИ), како и повиците Али Ахмети, за формирање на сојуз за обединета Европа, го окупираат вниманието на јавноста. Од сето тоа, сепак, се издвојува изјавата на Ахмети со која, се чини, на повидок е создавање на голема проевропска коалиција на сите партии за да се достигне потребната поддршка за уставни измени во Собранието.

Ахмети: Да се ​​создаде сојуз за Европа, да се исполни домашната задача

Претседателот на ДУИ Али Ахмети започна серија средби со граѓаните под мотото „Заедно за Европа“. Тој, меѓу другото, пред присутните рече дека без уставни измени не може да се отвори првото поглавје, затоа што скринингот е почнат и следната средба со ЕУ треба да започне во ноември.

„Најдобар начин да ги решиме нашите проблеми е да создадеме сојуз за обединета Европа, и сите да ги смират малку суетите, за што е можно поскоро да ги исполниме обврските дома и барањата од Европа и САД, затоа што треба да работиме за нашата татковина“ – рече Ахмети.

Ахмети, во едно од своите излагања деновиве, додека зборуваше за „Огнената група“ во неговата партија, повика на поширок проевропски фронт, кој ќе се занимава со процесот на интеграција.

„Треба да размислиме и да се надминеме себеси, како да ги здружиме силите. Како да се направи многу посилен сојуз за да биде успешен во ова патување. Се разговара за Алијанса за Европа“, рече Ахмети во теливизиско гостување за Клан македонија.

Алијанса за Албанците спремни за влез во Владата

Од друга страна, Арбен Таравари од АА во телевизиско гостување за ТВ 21 изјави дека постои можност за вклучување во Владата, затоа што тоа го бара меѓународниот фактор, и доколку тоа го бараат и граѓаните, во тој случај, Алијансата може да биде дел од Владата.

„Гледате како е во Собранието. Мислам дека сме 60-60. Собранието не може да создаде мнозинство без помош на Алијансата“, изјави Арбен Таравари за ТВ21, додавајќи ако не станат дел од Владата, „тогаш одиме на избори. Нема друго решение. Сепак, приоритет за нас се уставните измени и затоа сме спремни да станеме дел од Владата за да го помогнеме процесот.“

Што велат експертите за ЦивилМедиа?

ЦивилМедиа го праша универзитетскиот професор Мурат Алиу од Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, дали се реални најавите на политичките експоненти за проевропско политичко сојузништво, со конечна цел уставни измени и консолидација на европскиот пат против „деструктивните сили“.

„Повиците за проевропска алијанса во принцип се позитивни повици за деблокирање на евроинтеграцискиот процес на Македонија, процес кој многу се одолговлекува како резултат на споровите што ги имаше нашата земја со соседите. Но ако ја гледаме моменталната состојба во однос на бројките во собранието да се направат уставни измени, мислам дека ситуацијата не им оди во прилог на проевропските сили, со оглед на тоа што недостасуваат бројките потребни за такво нешто“, рече Алиу.

Тој понатаму вели дека „ВМРО ДПМНЕ, од која зависи бројката од 80 пратеници потребни за уставните измени, не дава сигнали дека може да ги поддржи овие измени“.

Здравицата кај Еди Рама

Здравицата за Нова година кај албанскиот премиер Еди Рама со албанските лидери на Северна Македонија може да се прочита како проевропска коалиција, имајќи го предвид лансирањето на идејата на ДУИ за сојуз за Европа. Меѓутоа, со оваа констатација не се согласува главниот одговорен уредник на интернет порталот независен.мк, Љупчо Поповски.

Тој за ЦивилМедиа изјави дека средбата во Тирана не беше воопшто за да се создава проевропска коалиција во Македонија.

„Се знаеше дека сите партии во албанскиот блок  ја поддржуваат измената на Уставот. Таа повеќе му послужи пропагандно на Еди Рама, отколку на актерите од Македонија“.

Во врска со најавата на Алијансата за Албанците за вклучување во Владата, тој истакна дека одговорот по ова прашање е покомплициран отколку што изгледа.

„Алтернатива не сака да ги загуби веќе добиените ловишта, Али Ахмети е во дилема кого да го смени во владата, ако некој треба да си оди за да влезе човек на Алијансата. Ако тоа не биде Артан Груби, ќе навлече дополнителен гнев кај одметниците во партијата. Алијансата проба да кокетира со ВМРО-ДПМНЕ и тоа ѝ се удри од глава на локалните избори, особено во Тетово. Сфатија дека е премногу рано за ваква „нова љубов“. Сега сакаат да им се вратат на старите прегратки кои топлеа колку-толку“.

Сите политички конфигурации водат кон ЕУ

Сите политички конфигурации сега се насочени кон постигнување на конечната цел, која толку многу се прокламира, а тоа е – чекорењето на земјата по колосекот на Европската Унија. Во име на оваа кауза, според читањето меѓу редови, ќе се соберат сите проевропски сили во еден блок да започне и заврши маратонот наречен Европска Унија.


Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia
Tags: Али АхметиАлијанса за АлбанцитеАлијанса за ЕвропаАрбен ТаравариАртан ГрубиДУИЕвропска Унијаинтеграциимнозинствопарламент
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ