• Latest

На секој му треба топлина!

November 27, 2017

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

На секој му треба топлина!

November 27, 2017 12:18
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Облечени со топла облека, седиме и спиеме во топли домови, меѓутоа, сепак на средба со пријателки и пријатели се жалиме дека премногу ни студело и дека ова не се трпело. Забораваме и губиме емпатија за нашите сограѓан(к)и, кои ова ладно време го поминуваат на улица, а системот никако да најде решение.
Моралната одговорност ги поттикна граѓанк(к)ите да преземат иницијатива, каде што ќе се потрудат да им понудат помош на беспомошните. Организаторите на оваа иницијатива, порачуваат овој хуман гест да се применува секаде… во секое маало, во секоја општина, да закачите своја јакна на тие дрва што веќе ни останаа.

На фејсбук настанот „На секој му треба топлина“, организаторите ги повикуваат граѓанките и граѓаните на 4, 5 и 6 декември од 13 до 18 часот да ги остават јакните кои не им се потребни во центарот на Скопје, но и во сите општини во градот.

„Ајде да помогнеме! Идат зимски денови и има луѓе на кои можеме да им помогнеме! Идејата е на 4,5 и 6 Декември од 13 часот до 18 часот да ги собереме јакните кои не ни се потребни нам – но на некој друг живот му значат – и да ги ставиме низ центарот и околината на Скопје – за да може секој на кој му треба топлина да се згрее во овие студени ноќи и денови. Сите вие кои сакате да ги донирате вашите јакни може да го сторите тоа во определените денови. Ајде дечки можеме ние да го направиме ова! И секој кој сака да се приклучи и да помогне е добредојден! Се зависи од бројот на јакните кои ќе бидат собрани. Дел ќе се остават низ Скопје за да можат да ги земат луѓето кои што не се во можност да дојдат до пунктовите и луѓето кои се на улиците како и социјално загрозените. Дел лично ќе ги поделиме на бездомниците, а останатите ќе ги однесеме на пунктовите каде што веќе се собираат донации, за луѓето на кои што им се потребни.
Другари вие што не сте во можност да присуствувате во одредените денови, слободно може да го направите истото на своја рака во својата општина. Закачете ја својата јакна на било кое дрво – сигурно ќе се најде некој на кого му е потребна топлина“, стои во повикот.

Ф.Х.

Tags: донирај јакнаиницијативаНа секој му треба топлинаСКОПЈЕ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ