• Latest

Наместо честитки и убави зборови, левото Димче во празничен маратон на омраза

January 8, 2021

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ГОВОР НА ОМРАЗА

Наместо честитки и убави зборови, левото Димче во празничен маратон на омраза

January 8, 2021 19:20
in ГОВОР НА ОМРАЗА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ

Ја испративме старата и тешка 2020 и ја дочекавме неизвесната 2021, поминаа Божиќни празници по стар и нов календар, Бадник, Коледе… Луѓето, без оглед дали се христијани, муслимани или атеисти, незнајни или знајни, уметници, интелектуалци, политичари, и добри и лоши, се обидуваат, барем во овие денови, да споделат чувства и пораки на љубов, блискост, надеж, убави зборови, честитки и желби за една поубава и посреќна година.

Сите – освен левото Димче. Во сите овие денови, од него и од неговата партија ниту еден убав збор. Ниту честитка, ниту збор на надеж, ни бутур. За никого.

Немаше убав збор за христијаните, со чии чувства Димче често кокетира кога му е политички корисно, особено во пандемијава. Или барем да откачеше една мрсна коледарска, што ќе беше детска песна во споредба со неговиот „стил“. Ќе речете нема честитки, затоа што левото Димче е „левичар“ и атеист? Па барем Нова година да честиташе, тоа е светски секуларен празник. Но не, неговите гавази ќе речат – Димче е против конзумеризмот. Им го кажал тоа на пленумот у Буши ресорт со 5 ѕвезди…

Да се разбереме, драги мои. Никој не очекува левото Димче убавите зборови и пораки да ги упати кон сите граѓани, кон „северџаните“, „сороспиите“, „косоварите“, „ен-џи-о баграта“ и сите кои би ги стрелал…Можеше левото Димче барем некој убав збор да им каже на оние што гласаат за него и што му го градат рејтингот со кој се утепа од фалење, да ги окуражи оние што слепо го поддржуваат и „гинат“ за него во плукачките хајки на социјалните мрежи.

Но, не. Ниту тие не беа достојни за убав збор од левото Димче. И за нив е Димче – емотивна нула.

Наместо тоа, во овие две празнични недели, левото Димче (и неговата мразачка војска) се бавеше со себе и со својот мал рејтинг кој рипнал малку па од тоа се правеа спектакли. Секако, секојдневно се стрелаше, се „спружуваа“ новинари, невладини организации, се удри три дена ситење и сеир за време на пожарот во струмички Глобал.

Празничниот маратон на омраза левото Димче го финишираше за време на празничната Бадникова и Божиќна трпеза, која ја „збогати“ со зајадливи шеги и коментари на сметка на американската демократија, без ниту збор на осуда за насилниците и нивниот крвав упад и фашистички пир во американскиот Конгрес.

Немојте да се чудите зошто. Затоа што левото Димче од Велес, град кој стана светски познат по појавата чијшто резултат го видовме пред некој ден во Вашингтон, е иста школа со оние кои ги видовме како дивеат во американскиот Конгрес. Тој и неговата „војска“ го користат истиот речник, истите зборови на навреди, ги споделуваат истите дезинформации, теории на заговор. Омраза, омраза, и постојано омраза. Со лаги во секоја можна пауза.

За среќа, американската демократија се консолидираше бргу, за неколку часа, оставајќи ги типчињата како левото Димче во пуста радост, со смкнати гаќи, а паднато „куре“. Слична среќа имавме и ние пред неколку години на 27 април.

Но, нека остане оваа белешка и празничниот мразачки маратон на левото Димче како потсетник за тоа како се стига до 6 јануари или 27 април. Не за умните, тие ги предвидоа и двата настани, туку за оние што и празнициве ги поминаа на тастатура служејќи и на таа заслепувачка омраза. Нека знаат каде води тој пат, ако не виделе и не чуле.

Во Америка, Трамп прво ги нас’ска да маршираат на Конгресот, им рече дека ги сака, за потоа да им рече дека „ќе платат“. Истото што им го рече и Груевски на оние што влегоа во Собранието, повикани од него „да не седат во папучи“.

Но и од овие двајца популисти има и бетер. Тие барем имаат и понекој убав збор за нивното топовско месо. Замислете тек како би се развивала приказната со левото Димче и неговата „војска“, кога некогаш би имале таква моќ и „топки“, а не безначаен и сè уште закржлавен и мал…рејтинг.

#SledeTene
#LevaRukaDesniDzep
#PraznicenMaratonNaOmrazata

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

Tags: Апасиевемотивна нулалагилицемериеомразатеории на заговор
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ