Во Основен суд Скопје 1 денеска ќе почна судскиот процес против десеттемина обвинети за убиство во обид на пратеникот Зијадин Села при упадот и насилствата во Собранието на 27 април лани.
На обвинителната клупа треба да седнат обвинетите Оливер Ошавковски, Сашо Сенков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски-Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов, Стојан Павлески – Кобра, како и Кире Ѓоргиевски и неговиот татко.
Последните двајца беа уапсени во мај лани, како осомничени за физички напад и влечење на Села кој потоа во критична состојба заврши во болница.
извор: МЕТА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.