• Latest

Најчевска: Прво да решиме каква држава сакаме да градиме – граѓанска или етничка!

May 5, 2017

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Најчевска: Прво да решиме каква држава сакаме да градиме – граѓанска или етничка!

May 5, 2017 14:19
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Поставувањето на албанското знаме во кабинетот на претседателот на Собранието, во моментов, е примитивен чин на обележување на територијата на исто ниво, како и градењето на споменикот на Александар Македонски, поставувањето на крстовите, поставувањето на големите национални знамиња на јарболи низ цела држава… Пеењето на албанската химна во Собранието  е примитивен чин на реактивно делување, во којшто пратениците се поведуваат од својата етничка припадност и манифестираат многу високо ниво на национализам“, вели меѓу другото, д-р Мирјана Најчевска, во интервјуто за ЦИВИЛ Медиа, коментирајќи дел од актуелните случувања во Собранието на Република Македонија, од денот на изборот на Талат Џафери за нов спикер.

 

ЦИВИЛ МЕДИА: Каков е вашиот коментар за пеењето на албанската химна во македонското Собрание, од пратеникот на Беса, на „крвавиот четврток“, 27 април 2017 година?

НАЈЧЕВСКА: Законски не постои пречка за такво нешто. Имено, според нашиот Устав и според законите, тоа што го кажува пратеникот, на кој било начин, на говорницата, може да го каже – без за тоа да биде повикан на кривична одговорност. Но, од аспект на тоа што значи градење соживот, градење граѓанско општество, мислам дека претставува еден прилично примитивен чин на реактивно делување, во којшто пратениците се поведуваат од својата етничка припадност и манифестираат многу високо ниво на национализам, наместо да работат на она што претставува застапување на интересите на сите граѓани.

ЦИВИЛ МЕДИА: Новоизбраниот претседател на Собранието, Талат Џафери во својот кабинет го постави албанското знаме до македонското и знамето на ЕУ. Колку и ова е законски, колку е морален чин на новоизбраниот претседател  на „новата“ Македонија, којашто како демократија, треба брзо да се развива и движи кон европското семејство? Дали на ваков начин, уште во старт, тој не го доведува во прашање својот кредибилитет на спикер на парламентот којшто треба да ги штити правата и интересите на сите граѓани на Македонија,чии репрезенти се избраните пратеници во Собранието?

НАЈЧЕВСКА: Од правен аспект, тука има една своевидна празнина, така што може да се толкува на различни начини. Значи, не постои некоја посебна забрана за вакво нешто, меѓутоа, доколку се применат одредбите од законите за административните служби, за употребата на знамињата на етничките заедници…, може да се каже дека ова е во некој правен линк, односно, во некоја правна сива зона. Од аспект на тоа што треба фактички да го претставува претседателот на Собранието – е апсолутно неприфатливо, меѓутоа е во рамките на она што постои во моментот во Македонија, а тоа е градење на државата врз основа на етничките заедници. Во моментот кога ќе решиме да градиме навистина граѓанска држава, врз основа на тоа што претставуваат потреби и интереси на индивидуите-граѓаните, а не манифестирани потреби и интереси на етничките заедници, тогаш, еден ваков настап ќе биде апсолутно непримерен. Значи, недозволиво нешто е да се манифестира етничката припадност којашто е дел од приватното, или едноставно, нема воопшто ни да го забележуваме, зашто би претставувало една најприфатлива иконографија којашто ја манифестира индивидуата. Но, во моментов, според мене, тоа е еден многу примитивен чин на обележување на територијата, на исто ниво како и градењето на споменикот на Александар Македонски, поставувањето на крстовите, поставувањето на големите национални знамиња на јарболи низ цела држава… Значи, мора да го отвориме сериозно разговорот за тоа: дали навистина сакаме да градиме граѓанска држава или ке продолжиме да ја градиме државата врз основа на етничките параметри, при што, доколку се решиме за ова второто, ќе мора да воспоставиме многу јасни правила на игра.

ЦИВИЛ МЕДИА: Владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и лидерите Никола Груевски и Али Ахмети, договорија и демонстрираа на некој начин – територијална поделба на Македонија, сведоци сме, со поставување на македонското и на албанското знаме… Зошто тогаш немаше толку бурни реакции на граѓаните, на јавноста, на науката…, туку во овој момент, реакциите се многу побурни?

НАЈЧЕВСКА: Значи, таа владејачка гарнитура дефинитивно, и формално и фактички, го прифати градењето на државата врз основа на етницитетот, односно, етничките заедници се поставија како суштински градежни елементи на државата. Она за што се залагаме, промената којашто сакаме да ја направиме е промовирање на граѓанскиот модел, каде што индивидуата ќе биде во центар на вниманието. Многу тешко е да очекуваме дека некој ќе се побуни против такво нешто, кога владејачката гарнитура го прифатила тој принцип. Сега, кога велиме дека бараме промена, е време за отворање на тие дискусии и време е да го регистрираме како несоодветен секој ваков чин.

ЦИВИЛ МЕДИА: Каде треба да се движи фокусот и енергијата, работата на новото парламентарно мнозинство, со оглед на тоа што најголем број граѓани беа за таа нова, продемократска платформа?

НАЈЧЕВСКА: Сметам дека прво што треба да решиме е каква држава сакаме да правиме, дали граѓанска или етнички базирана. Потоа, мора да ги воспоставиме основните параметри на правото коешто во моментот е срушено до темел, иако имаме закони, зашто голем дел од тие закони се неправни или на неправен начин донесени. И она основното на коешто мора да се работи што е можно побргу: градење на контролните механизми над власта, за да не дозволиме самоволната власт да не доведе во ваква ситуација, којашто повеќе личи на диктатура, отколку на демократија.

Моника Талеска

Tags: албанска химнаалбанско знамеАли АхметиБесаграѓанско општествод-р Мирјана НајчевскаНикола Груевскинова владаСобраниеТалат Џафери
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ