Национализмот и етничката омраза се семе на раздорот, секогаш и секаде. Ако не сме сплотени, како ќе изградиме општество кое ќе биде достоинствено и да биде дел од европското семејство? Секако дека Европа не e имуна на овие појави тоа е повеќе од јасно, но нашата аспирација е членство во ЕУ и немаме друга опција. Ние сé уште имаме фактори кои свесно работат против нашата аспирација и остварување на нашето членство и тоа под превезот на некои повисоки патриотски цели кои всушност не се ништо друго, туку слепо бранење на криминал и криминалци.
Зоран Кардула
29.10.2020 година
илустрација: Зоран Кардула