• Latest
Фото: ВИ

Национализмот повторно на сцена: Младите како „топовско месо“ во предизборната борба

September 5, 2025
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Национализмот повторно на сцена: Младите како „топовско месо“ во предизборната борба

September 5, 2025 13:05
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ИЗБОРИ, ТОП 5
Фото: ВИ

Фото: ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

Со приближувањето на локалните избори, национализмот повторно се користи како најевтино, но и најопасно политичко оружје. Во само неколку дена, во Битола, Тетово и Велес се случија серија етнички инциденти – физички напади, навреди и графити со говор на омраза.

Заедничко за сите е што младите се во првите редови – како извршители или како жртви. Навивачките групи се претвораат во паравоени структури кои шират страв и омраза, додека политичарите остануваат на декларативни „осуди“, без реална (ре)акција.

Особено алармантно е што навредливи скандирања се случуваат и во присуство на премиерот Христијан Мицкоски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Со тоа се испраќа порака дека омразата е дозволена, па дури и охрабрувана.

„Чкембари“ во Битола нападнаа Албанец, државјанин на Шветска

Во Битола, на 28.08.2025 на „Широк Сокак“, навивачи на „Чкембари“ нападнаа 32-годишен Албанец, државјанин на Шведска кој престојува во Дебар. Причината за нападот е дека носел маица со симболи поврзани со Албанија. Жртвата, откако не можел да се одбрани, „доброволно“, според МВР, им ја предал маицата, а напаѓачите избегале.

По една недела, СВР Битола поднесе пријава против 5 малолетници, односно четворица 17-годишници и еден 14-годишник, сите од Битола. Со судска наредба, биле извршени претреси во нивните домови, а во службен разговор во полициска станица го признале делото. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена пријава по член 319 од Кривичниот законик – „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“.

„Војводи“ претепаа Албанци средношколци во Тетово

Во Тетово, членови на навивачката група „Војводи“ физички нападнале двајца средношколци Албанци. Пред нападот ги навредувале со етнички погрдни зборови, а потоа ги претепале со тупаници и клоци.
Едниот ученик завршил со скршен нос, другиот со скршени ребра и рака. Полицијата уапси четворица навивачи, а се бараат и други.

Говор на омраза кон Албанците преку графити во Велес

Во Велес, пак, се појавија графити со пораки: „Секој Ш****р што оди нагоре, се враќа ладен“ и „Добар Ш****р е мртов Ш****р“. Општината реагираше со нивно чистење, но МВР сè уште нема информации за сторителите.

Национализмот како предизборно оружје: Политичарите само декларативно „осудуваат“, младите ја плаќаат цената 

Во само неколку дена, „Чкембари“ и „Војводи“ беа инволвирани во инциденти со етничка позадина, а Велес стана платно за графити со говор на омраза. Тоа е јасен сигнал дека етничките тензии се систематски поттикнувани, а не случајни испади. Овие три случаи во само неколку дена не се изолирани инциденти, туку дел од пошироката матрица на создавање тензии во предизборен период. Политичарите со декларативни изјави „осудуваат“, но на терен ништо не се менува.

Прашањето е – уште колку млади треба да бидат повредени или трајно оштетени пред политичките лидери да преземат реална одговорност и да покажат дека национализмот не е нивното најсилно оружје во кампањата?

Во ваква атмосфера, потребна е итна реакција од институциите, но и од политичките лидери, за да не се дозволи предизборниот период повторно да се претвори во арена на поделби и насилство.

Дeхран Муратов


ЦИВИЛ МЕДИА | Ставовите и наодите во овој текст се целосна одговорност на авторите и не нужно ги претставуваат ставовите на донаторите или на другите партнери и соработници на организацијата.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ