• Latest

Неделна анализа: Македонија на чекор до нова влада, но и до немири

February 27, 2017
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Неделна анализа: Македонија на чекор до нова влада, но и до немири

February 27, 2017 17:43
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Преговорите на релација СДСМ-ДУИ во стилот „чекор напред-два назад“, ја одбележаа политичката сцена во Македонија, неделава што измина. Конечно и ДУИ одлучи десетте потписи на пратениците во новото Собрание, да му ги довери на лидерот на СДСМ(49), Зоран Заев, како и Алијанса за Албанците (3) и Беса (5). Така што, Заев денеска со листата од вкупно 67 мандати, побара од претседателот на државата, Ѓорге Иванов, мандат за нова влада.

Останува дилемата дали претседателот Иванов, за кого важи синтагмата „близок до ВМРО-ДПМНЕ“, ќе остане доследен на Уставот и законот и ќе му го даде мандатот на Заев. Или пак, како што упатуваа уставните експерти во меѓувреме, пратеничкото мнозинство ќе седне во законодавниот дом и по доконституирањето на новото Собрание, ќе донесе одлука да се формира нова влада. И коалициските партнери му дадоа поддршка на Заев, да биде мандатарот на идната влада.

Доколку Иванов одлучи да постапува согласно со Уставот, следен чекор до формирање влада, меѓу СДСМ и партиите од албанскиот политички блок, ќе биде дефинирање на законот за јазици и дел други барања со коишто овие партии го условија коалицирањето за нова влада.

Никола Груевски

Историска изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски

Одлуката на партиите на етничките Албанци, да му ги доверат потписите на опозициониот лидер Заев, што е чекор до формирање нова влада, предизвика сериозни турбуленции кај ВМРО-ДПМНЕ, партија која на последните предвремени избори на 11 декември, освои 51, или само 2 пратенички мандата повеќе од опозиционата СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе се спротивстави на „катастрофалниот закон за двојазичност“ и обвини за загрозување на националните интереси, а тие чекори “водат натаму до кантонизација и поделба на државата“.

Партискиот лидер, Никола Груевски и на една национална телевизија и на својот Фејсбук профил предупреди дека „државата е нападната и само народот може да ја одбрани“. Според него, се работи за операција која се спроведува од надворешни центри за уривање на власта и носење на Зоран Заев на власт, за „слабеење на државата, со цел промена на името и идентитетот на Македонците“. Груевски дури и му порача на Заев дека „ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да го поддржи СДСМ како малцинска влада, само доколку Заев се откаже од удирање по темелите на државата, поради желбата да е на власт“.

На овие обвинувања, доаѓаат контраудари од СДСМ, од каде на големи ѕвона најавуваат доаѓање на нова влада, и „живот во Македонија“.

Медиумите и социјалните мрежи со говор на омраза

Вокабуларот на ВМРО-ДПМНЕ и на лидерот Груевски поттикна кај членовите и симпатизерите на партијата, говор на омраза. Оттаму доаѓаат повици за протести и масовно излегување на улиците „со цел одбрана на националните интереси на државата“, кои се особено актуелни на социјалните мрежи. Според дел од македонските аналитичари, овие повици се безопасни, бидејќи граѓан(к)ите нема да наседнат на такви провокации. А, „жртвувањето“ на Груевски, сметаат дека е негово барање за колективна одговорност за товарот, што тој треба да го понесе.

И Македонската православна црква не остана имуна на случувањата. Светиот Архиерејски синод изрази голема загриженост, повика на зачувување на унитарниот карактер на државата, помирување, проштевање, одговорност и национално единство!

Македонското здружение „Тврдокорни“ одржа протестен мирен марш, под мотото „Завет за Македонија“, којшто започна од дворот на соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. „Граѓанската иницијатива за заедничка Македонија“ организира протест денеска.

Медиумите блиски до ВМРО-ДПМНЕ и натаму шират говор на омраза, преку презентирање еднострани информации и коментари кои наведуваат на радикални чекори и немири во државата.

Моника Талеска

 

Tags: „Тврдокорни“анализаВМРО-ДПМНЕДУИЗоран ЗаевМедиумиМПЦНикола ГруевскиСДСМсоцијални мрежи
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ