• Latest

Не ја разбирам кампањата на Насер Селмани

August 18, 2018

Пратениците на СДСМ, придружени од Левица поднесоа иницијатива за основање Анкетна комисија за трагедијата во Кочани

November 18, 2025
Газа. Фото: Х

Палестинската управа го поддржа планот на ОН за Газа

November 18, 2025

Cloudflare „падна“ – Time.mk и бројни сајтови недостапни поради технички проблеми

November 18, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Полскиот министер за одбрана: Сите докази за саботажата на железничката линија во Полска укажуваат на Русија

November 18, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/ Х

Амбасадорката Дир: Руски ракети го погодија регионот Харкив, при што загина 17-годишно девојче – меѓународната поддршка е клучна, Русија нема да запре без цврст глобален притисок

November 18, 2025
Марта Кос(Фотографија: Википедиа)

Кос: Време е за проширување на проширувањето – Европа нема време за губење

November 18, 2025

Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

November 18, 2025
Фото: Х профил на Марта Кос

Утрински вести со – Рама!

November 18, 2025

Утре почнува судскиот процес за трагедијата во „Пулс“

November 18, 2025

Десетици илјади Словаци протестираа против Фицо по повод годишнината од падот на комунистичкиот систем

November 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Не ја разбирам кампањата на Насер Селмани

August 18, 2018 14:35
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Уште еднаш ќе повторам дека кавгата за тоа кој ќе ги лапне парите предвидени за кампањата за референдумот не ме засега. Можно е тоа да ги интересира сопствениците на „Слободен печат“ (иако не верувам баш дека гризат нокти за тоа), но јас лично сум апсолутно незаинтересиран за тоа прашање, бидејќи знам дека сдсмовците никогаш немале добри анализи за моќта и за влијанието на медиумите, секогаш се раководеле од личните симпатии на партиските челници и гледам дека и сега ништо битно не е променето. Како и да се употребат народните пари – од државната или од партиската каса – знам дека нема да се постигне ефектот што е неопходен.

Пишува: Бранко Героски

Но, навистина ме изненадува упорноста со која Насер Селмани, во својство на претседател на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), лобира кај странските дипломати да се заложат кај Владата после референдумот да се повлече можноста јавни пари да се користат за политичка пропаганда и да се отстрани можноста Државната изборна комисија да ги регистрира и да ги казнува онлајн медиумите за време на изборна кампања или референдуми. Селмани на соговорниците им објаснувал дека Владата и опозицијата сакале со јавни пари да водат политичка пропаганда во медиумите за време на изборна кампања и со тоа „да го вратат стариот коруптивен систем меѓу политиката и сопствениците на медиумите од времето на режимот на Груевски“. Тој смета дека парите што медиумите ќе ги добиваат од партиите за објавување политичка пропаганда ќе ги направи медиумите финансиски зависни, а тоа ќе влијае врз нивната уредувачка политика.

Отворена врата за црни пари

Пред сѐ, не ми е познато кои органи и тела на ЗНМ усвоиле вакви ставови. Но ете, допуштам дека не сум информиран. А очекувам да бидам. Освен тоа, мислам дека Селмани за својата „кауза“ треба да лобира првенствено меѓу новинарите, па во македонската јавност, а дури потоа кај странските дипломати. Дотолку повеќе што сите не мораме да се согласуваме со неговото мислење. Јас, на пример, не се согласувам со главните тези што ги застапува во неговите лоби активности.

Не се согласувам со тезата на Селмани за политичкото рекламирање. Тоа е рекламирање како и секое друго. Ниту еден комерцијален медиум нема да прифати да рекламира било што без пари. Плусинфо и „Слободен печат“, на пример, повремено бесплатно објавуваат само реклами за хуманитарни активности и за активности на граѓански организации. Но, еве веднаш кажувам дека нема теоретски шанси Плусинфо (каде што сум дел од бордот што одлучува) бесплатно да тера кампања за референдумот. Било чија! Тоа не е „политички рекет“, како што вели Селмани во својата полемика со Атанас Кировски од Телма. „Каде е тука јавниот интерес?“, го прашува Насер колегата Кировски. Да му одговорам јас – јавниот интерес оди со јавните пари!

Да, ја разбирам интенцијата на Селмани да се спречи опасноста медиумите да се подложат на политичко влијание. Благородна е таа мисла. Но, можеби токму „прохибицијата“ што тој ја заговара ќе ја зајакне праксата на уфрлање пари во медиумите од непознати (нетранспарентни, црни) извори, за да се платат кампањите. Општо земено, целосно е погрешна тезата на Селмани за наводната директна врска на јавните пари во медиумите со нивната зависност од власта „како во времето на Груевски“. Ако се прифати, таа теза ќе води кон целосна концентрација на државните (народни) пари во државните (јавните) медиуми. Можеби тоа и не е лошо за тие медиуми. Но, тогаш да сме начисто со една работа – така МТВ нема да стане јавен сервис и заедно со другите државни медиуми, ќе си остане огласна табла на Владата. Тоа и беше, а ќе биде уште повеќе.

Европската пракса е поинаква

Приказната што Селмани им ја „продава“ на странските дипломати е целосно спротивна и со праксата во повеќе европски држави, кои од повеќе причини им помагаат и на државните и на комерцијалните медиуми – Франција, Данска и многу други. Верувам дека амбасадорот Тимоние му објаснил на колегата Насер, како што еднаш ми објасни и мене, како оди таа работа во неговата земја.

А Данска е посебен, би рекол референтен случај. Медиумската индустрија е во криза и во оваа скандинавска земја, но затоа тамошната влада се обидува да ја ублажи кризата со директна финансиска поддршка, која во оваа земја е традиција со децении. Тоа е систем што е широко прифатен од локалното јавно мислење. Така, данскиот национален бродкастер годишно добива 3,5 милијарди круни (470 милиони евра), додека печатените медиуми 370 милиони круни (50 милиони авра) за 61 наслов, повеќето во сопственост на два главни играчи на пазарот. Освен тоа, печатените медиуми не плаќаат ДДВ. Со тоа Данска имено ја намалува зависноста на медиумите од политичарите и новинарите ги прави отпорни на корупција.

Конечно, голема и веќе трагична грешка е упорното инсистирање на Насер Селмани и на дел од локалните дипломати, интернет медиумите да се изземат од било каква регулација во законите. Дерегулацијата нанесува огромни штети во овој растечки и можеби веќе доминантен сегмент на медиумската индустрија. И тоа веќе не е мој личен став (иако долго време „попувам“ за ова), туку факт што е констатиран на неколку форуми на кои се разговараше за оваа тема во последно време. Навистина не го разбирам упорното инсистирање на Селмани на ставот кој е можеби „фенси“, но предизвикува хаос на пазарот на интернет медиуми.

 


(објавено во согласност со Авторот)

Извор: Плусинфо

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Tags: АВМУвластЗНМИнтернеткампањаМедиумимедиумски слободиНасерпорталирекламаселманителевизија
Share38Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ