Многу е безобразно да ја негираш покачената минимална плата од 9. во времето на Груевски на 18 илјади денари во времето на Социјалдемократите. Многу е безобразно да го негираш законот за сите стечајни работници: се работи за околу 13. 000 илјади луѓе кои добиваат по 9.500 денари до крајот на нивното пензионирање. Многу е безобразно да ја негираш и Социјалната помош која е зголемена за 300 %; да не ги заборавиме зголемените просечни плати, па детскиот додаток на 75.000 дечиња, па Образовниот надоместок за 64.000 дечиња; многу е безобразно да го негираш Договорот од Преспа, па влезот во НАТО, безобразно е да го негираш заштитетниот македонски идентитет и јазик, многу е безобразно да го негираш мултикултурниот карактер на земјата (Албанците денес се многу поголеми верници за Евроинтеграција од таканаречените „македонски интелектуалци“, самопризнати реторички бардови на јавната реч), многу е безобразно да го негираш обидот за влез на Бугарите во преамбулата на Уставот, како права Европска и инклузивна држава за сите на целиот Балкански полуостров… Многу е безобразно да ја негираш плуралноста и сите замисливи и незамисливи слободи во државата…
Драги пријатели, да расчистиме една работа. Таму кајшто луѓето ќе „попушат“ дека „сите се исти“, поточно таму кајшто ќе речат дека социјалдемократите и вмроовците се исти, таму секогаш ќе победуваат вмроовците, поточно десницата.
Друга работа, Апасиев, а гледам дека таква инфекција – не до толкави размери – ја примил и извесниот Бранимир Јовановиќ, што значи се „натрипале“ дека се некакви new age месии во нивната чорбеста филозофиичка од типот „сите политичари се исти“. Сите тие биле трул естаблишмент, отуѓени елити кои работат за крупниот капитал и бла, бла, бла, …, пишува, меѓу другото, колумнистот на Фронтлајн.мк Ненад Јовановиќ во својот денешен текст со наслов: „Не се сите исти, Социјалдемократите се подобри, и тоа сите го знаат“.
.