• Latest

Нека се гонат сите фашист(к)и

March 6, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ МРЕЖИ И ТРЕНДОВИ

Нека се гонат сите фашист(к)и

March 6, 2026 16:08
in МРЕЖИ И ТРЕНДОВИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Активистката за човекови права, Сара Миленковска се огласи со објава на Фејсбук во кој го критикува настанот организиран од UN Women за родова еднаквост, за кој вели дека според одговорите од панелот, формално ништо не е проблем, но, според неа, апсурд на настанот бил нешто друго.

Додека антиродовите актери организирано ги напаѓаат сите механизми за родова еднаквост, додека МОН систематски ги брише и последните траги од родова еднаквост и заштита од образовните политики, додека полицијата не постапува по нови случаи на родово базирано насилство, а јавниот простор е преплавен со мажи кои објаснуваат како жените се повторно виновни за сопственото насилство и со квази психолози кои јавно дисецираат „животни избори“ на жртви на фемицид UN Women организира настан за родова еднаквост и евроинтеграции.

Отидов на настанот од една многу проста причина ме интересираше до кој степен може да оди институционалната перверзија во која родовата еднаквост се користи како тема за панели и проекти, додека истата таа родова еднаквост во реалноста се брише од закони, политики и институции.

И тамам мислиш дека барем тука ќе се отвори прашањето за тоа како е можно да зборуваме за имплементација на Истанбулската конвенција и европски стандарди, додека и ЕУ извештаи и домашните организации со години предупредуваат дека антиродовите актери веќе имаат сериозно влијание врз институциите и дека систематски се демонтираат механизмите за заштита одговорот што го добиваш е дека „сè е во рамките на правните процедури“.

Во превод: формално ништо не е проблем.

Тоа е истата логика по која владата може истовремено да брише политики за родова еднаквост, а потоа да аплицира за нови ЕУ и ОН проекти за родова еднаквост. Но вистинскиот апсурд на настанот беше нешто друго.

Пс. Нека се гонат сите фашист(к)и, порача Сара Миленковска на Фејсбук.

Истовремено, Миленковска го споделува Фејсбук статусот на активистот Славчо Димитров кој ја критикува организацијата и изборот на панелистите на настанот на UN Women Skopje .

Д. Мишев
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ