Советничката во општина Гостивар, Ема Нешковска во своето обраќање на јавниот настан „Граѓански дијалози за односите меѓу заедниците: Предизвици и решенија“, вели дека мултикултурализмот и едно општество за сите нема никогаш да излезе од мода и дека треба постојано да ја негуваме и надградуваме.
„Темата мултикултурализам и мултиетничко општество мислам дека никогаш нема да излезе од „мода“, затоа што тоа е тема која ние постојано треба да ја надоградуваме и негуваме, и никогаш нема да биде доста и доволно, затоа што ако малку се разлабавиме и ги оставиме работите да стојат такви какви што се, надевајќи се дека е доволно или е добро, тогаш сме ја утнале работата и ќе мора да се вратиме многу чекори назад. Храната на мултикултурализмот е почитта, ако ние се почитуваме меѓу себе тогаш нема да имаме проблем да ги прифатиме различностите. Национализмот води само кон пропаст и сметам дека младите политичари имаат капацитет да му се спротивстават“, вели советничката.
Нешковска посочи дека јазикот служи за комуникација и дека не треба само да се разбереме туку и да нè (со)слушаат.
Д. Тахири
Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Ариан Мехмети
Фотографија: Горан Наумовски