• Latest
Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

„Неутралци“ или бесчувствителни соучесници?

February 9, 2023

Џелал Хоџиќ, СДА Македонија: Олигархијата го помага кочењето на интеграцијата во ЕУ

August 11, 2026
Вилен Темерјанов

Четири години од апсењето на Вилен Темерјанов: Новинарството не е злосторство – руската агресија е злосторство

August 11, 2026
Ерол Ризаов (фото: ЦИВИЛ)

ЦИВИЛ ги осудува смртните закани кон Ерол Ризаов: Институциите мора да ја прекинат културата на неказнивост

August 11, 2026
Кијив, 11 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Теророт на рускиот агресор не познава граници: Кијив, Запорижја и други градови под напад, погодена и детска болница

August 11, 2026
Припадник на руските окупаторски сили (фото извор: Амб. на Украина)

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје се незаконски и немаат правни последици

August 10, 2026
Шумски пожар (фото извор: ЦУК)

Европа и светот во пламен: Климатска криза, човечка небрежност и разорни последици

August 10, 2026
Скриншот од видеото што го промовира премиерот Христијан Мицкоски, Фејсбук, 9 август 2026

Битка за минатото и слепило за иднината

August 10, 2026
фото извор: Алта банка

СКАНДАЛ: Алта банка тргна и кон Црна Гора, Владата прво рече „да“, па „не“

August 10, 2026

Косово и Украина се на иста страна

August 10, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Хипокризија

August 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ES-PRESS-O

„Неутралци“ или бесчувствителни соучесници?

Погледнете само кои фирми и богаташи стојат зад медиумите во кои како река тече проруска пропаганда. Погледнете ги нивните бизнис релации. Ќе видите за што зборувам.

February 9, 2023 12:26
in ES-PRESS-O, ВОЈНА ВО УКРАИНА, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, ПРОПАГАНДА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Тој што, заедно со својот министер за надворешни работи, до последниот ден бесрамно го лажеше целиот свет дека нема никаква намера да ја нападне соседна Украина, сега е веќе потврден воен злосторник. И до ден денешен, тој и неговата злосторничка клика, водат политика и војна заснована на подли лаги. Тие се на чело на држава која систематски спроведува терор врз цивилното население од првиот ден на агресијата.

Спроведуваат воени злосторства и геноцид, додека на линиите на фронтот за нив се борат платеници и робијаши. И губат на фронтот од далеку послабо вооружените херојски бранителки и бранители на Украина. Му се закануваат на целиот свет со нуклеарен армагедон. Да, тоа е Путин и неговата злосторничка екипа.

Ги гледам неговите пропагандисти, ботови и корисни идиоти што се фасцинирани од злосторничкиот, геноциден поход против невооружените цивили на една независна и суверена земја. Ја гледам неславната ролја на медиумите, интелектуалците, уметниците и невладините фолиранти. Гледам и се гадам.

Медиумите, во спрега со „неутралните“ креатори на јавното мислење, секојдневно ги полнат главите на луѓето со манипулации, дезинформации и пропаганда. Зошто го прават тоа!? Зошто, по ѓаволите!? Бидејќи тоа се медиуми и фирми што се хранат од крвавите бизниси на нивните газди со путинистичката криминална империја.

Трговијата со нафта и гас, суровини и полуфабрикати (од минерали до хартија) им направи милионски профити на газдите кои ги потпишуваат платните налози на уредници и новинари, „неутрални“ експерти од невладиниот сектор, и ги корумпираат носителите на одлуки и политичарите. Нивна задача, пак, е да спинуваат и манипулираат со изјави, компарации и статистики.

Погледнете само кои фирми и богаташи стојат зад медиумите во кои како река тече проруска пропаганда. Погледнете ги нивните бизнис релации. Ќе видите за што зборувам.

Велат дека многу поголем број луѓе во светот живеат во државите кои се „неутрални“ или на страната на Путиновата крвава агресија. И со тоа се обидуваат да ги убедат луѓето дека треба и тие да бидат (барем) „неутрални“. Бесрамни лажговци и манипулатори! Ако владите на тие држави заземале „неутрален“ или проруски став, не значи дека и населението на тие земји поддржува агресија, воени злосторства и геноцид.

Дури и населението да ги поддржува официјалните ставови (според „истражувањата на јавното мислење и перцепцијата“, за кои имам посебно лошо мислење), никој не гарантира дека јавноста во тие земји не била мета на долгогодишна пропагандна војна. За демократскиот капацитет и слободата во тие земји и да не зборуваме. Кина, на пример. Или Северна Кореја. Класични диктаторски режими.

Нечовечно е да се биде „неутрален“ кон монструозните злосторства што ги спроведува рускиот агресор против цивилното население и воените заробеници. Тоа не може да се нарече неутралност, туку бесчувствителност! И соучесништво во злосторството!

Нема аргументи со кои „неутралноста“ во оваа тешка човечка и светска трагедија може да се одбрани. Проруските позиции и ставови не сакам ни да ги коментирам. Тие се злосторство.

Ајде еден приземен пример. Гледате „неутрално“ како некој подложува на тортура или убива некој друг човек. И не осудувате, не повикувате да престане, не повикувате никого на помош. Тоа е неутралност или соучесништво? Одговорете си искрено.


Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia
Tags: воени злосторствагеноцидМедиумипропагандаруска агресијаУкраина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ