• Latest

Наумоски: Украина со помошта на целиот слободен свет ќе победи во оваа војна

February 25, 2023

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026

ИНФОГРАФИК: „Блунами“ во САД – што донесе синиот бран и што е следно за Трамп и светот

November 4, 2026

Син бран ја менува Америка: Демократите го освоија Конгресот, Трамп ја губи политичката доминација во Вашингтон

November 4, 2026

Проширувањето на ЕУ забрзува, Северна Македонија ризикува да остане на маргините

November 4, 2026
Илустрација: ВИ

Црна Гора на чекор до ЕУ: 2028 како цел, Хрватска како главна пречка

November 4, 2026

ЗАПОЧНАА ЛИ БЕГСТВАТА? Прекинат летот на Вулин кон Москва

November 3, 2026
petar bogojeski

Реакции по дискриминаторските родови пораки на Богојески, коалициски партнер на Мицкоски

November 3, 2026

Афера Алта банка – партиски реакции: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

(ИНФОГРАФИК) Америка гласа: 210 милиони регистрирани гласачи, 57 милиони предвремени гласови, 470 места во Конгресот, изборен процес од 12 милијарди долари

November 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Наумоски: Украина со помошта на целиот слободен свет ќе победи во оваа војна

February 25, 2023 13:16
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Би сакал да бидам дел од група на луѓе, нација, која што храбро се бори против посилниот и поголемиот противник, која стои на браникот на демократијата во континентот, која своите внатрешни политички односи, обременети и корумпирани од руското влијание изминатите децении, ќе успее да ги реши со завршувањето на војната. Би ми било драго да сум дел од еден нов почеток, на една релативно млада демократија која конечно се ослободила од крволочните заби на втората најмоќна армија, но истовремено и од корумпираните политичари кои денес гледаме дека имаат руска заштита и со право можат да се сметаат за национални предавници, изјави новинарот и аналитичар Никола Наумоски на конференцијата „Украина – година на хероизмот“, на невладината организација за човекови права и слободи, ЦИВИЛ – Центар за слобода и Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија.

Русија е без дилема диктаторска држава. Ја владее тиранин кој планира да биде претседател додека е жив, се избира на недемократски избори каде добива математички неверојатни бројки, убива политички противници, одржува олигархија која економски го поробува неговото население и медиуми кои сеат омраза и страв. Путин во 2023 е споредлив со најлошиот советски диктатор во 1923. Советските и руски лидери во годините измеѓу, изгледаат како прогресивни и умерени, во споредба со владеењата на Сталин и Путин. И двајцата одговорни што најголемата земја во светот ја уназадиле во развојот на штета на своите граѓани, но и на земјите околу нив, истакна Наумоски.

Според него, „Владимир Путин е несомнено закана за светот, Европа, соседите на Русија… но, тој е закана и за државата која ја води“.

Никогаш порано Русија немала толку малку пријатели во светот, никогаш порано немало толку изразени антипатии во меѓународните организации, или пак толку строги санкции во трговијата и соработката со остатокот од светот. Затвореноста на Русија денес е поизразена дури и од најмрачните времиња во студената војна, кога СССР по своја волја, а не заради санкции, бил изолиран од „првиот свет“. Работоспособните мажи не смеат да ја напуштат земјата заради мобилизација, руските патнички авиони се приземјени, квалификуваните работници се десеткувани заради мобилизацијата, жените се обвиени во црно, а студентите и средношколците чекаат кога ќе бидат мобилизирани“, нагласи аналитичарот.

Осврнувајќи се на Украинците и нивната држава, тој изјави дека тие се соочуваат со „илјадници цивили мртви, милиони бегалци, десетици илјади изгубени војници, стотици илјади куќи и станови изгорени до темел и уште којзнае какви последици врз ресурсите и животната средина во земјата се дел од точно немерливите последици од руската агресија врз Украина“.

Сигурен сум дека Украина, со помошта на целиот слободен свет, ќе победи во оваа војна и искрено се надевам дека никакви територијални отстапки нема да бидат дел од конечниот мировен договор. На континентот му е потребно долгорочно мировно решение по оваа војна и тоа не може да дојде по цена на понатамошно незадоволство на силуваната и злоставувана страна – Украина. Искрено сметам дека овој мир за кој што зборувам е невозможен со Путин, или некој како него, на чело на Руската Федерација, заклучи Наумоски.

Д.М.
камера: Атанас Петровски / Александар Ризински
монтажа: Ариан Мехмети
фото: Биљана Јордановска

Tags: „Украина – година на хероизмот“конференцијаНикола НаумоскиЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ