Во своето обраќање на конференцијата „Односи меѓу заедниците: Перцепции, надежи и стравови, предизвици и решенија“ во организација на ЦИВИЛ-Центар за Слобода, новинарот Марјан Николовски посочи дека не разликуваме што е национален, а што етнички идентитет.
„Медиумите се силен инструмент за ширење на мултикултурализмот. Во моментов новинарството е во криза. Конструктивното новинарството треба да се занимава со давање на решенија на проблемите.
Тој истакна дека луѓето сакаат да гледаат позитивни примери каде што граѓаните живеат и соработуваат меѓу себе. Тоа го покажаа анализите од емисијата „На иста страна“.
Не може да се градат политички поени врз база на картата на различностите“, вели Николовски.