„Ние не разликуваме што е национален, а што етнички идентитет и тоа е главниот проблем. За жал, ние сме држава која што, и јас цврсто стојам на тој став, нема национален идентитет. Ние сме држава на племенски заедници и тоа е клучниот проблем што ја оптеретува оваа држава во изминативе 30 години и е тешко прашање за политичката и правната наука да дефинира што е национален, а што е племенски идентитет“, вели новинарот Марјан Николовски во своето обраќање на конференцијата на ЦИВИЛ „Односи меѓу заедниците: Перцепции, надежи и стравови, предизвици и решенија“.
„Во нашето општество не треба да им го оставиме просторот на политичарите, Не можат да се градат политички поени на различностите во Македонија. Ние треба да направиме нација која ќе ги обединува, Македонците, Албанците, Турците и сите, и на крајот на денот ќе бидеме, условно речено, македонци/граѓани на Северна Макеоднија, кои ќе се идентификуваат со таа нација. Не треба да бидеме паралелни светови во едно општество“, вели НИколовски.
„За жал, во моментов собирање на политички поени на картата на различностите е сè уште голема. Политичките партии сè уште таргетираат. Сите ние сме заробени во своите идентитети Не треба да бидеме племенска држава на заедници. Треба да бидеме држава на изграден национален индентитет, кој сите ќе ги обединува. Тоа подразбира од плаќање даноци до подеднакво почитување на институциите, на системот за сите“, изјави Николовски.
Б. Ј.
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети