Медиумските екипи вчера за првпат имаа можност да влезат во лавиринтите на раскошот на Владината куќа, реконструирана според вкусот на претходната владејачка гарнитура, што ќе рече, на експремиерот Никола Груевски.
Пред почетокот на првата седница на новата Влада, службите одговорни за односи со јавноста, на барање на новинарите, организираа влез во најголем дел од просториите.
Медиумското око го долови луксузот и раскошот во објектот што го уживаше контроверзниот политичар Груевски и членовите на неговиот кабинет, додека во јавноста држеше популистички говори, во стилот дека таа влада, штеди средства и креира економски и социјални политики, што се во функција на подобрување на животот на обичниот човек и сиромашен граѓанин!
Текст, камера и монтажа: Моника Талеска