Министерот за Рибарство на Кралството Норвешка, Пер Сандберг, без претходно да и најави на премиерката на Норвешка, Ерна Солдберг, каде ќе патува, од неа добил укор дека ги прекршил владините правила за патување. Истиот поднел оставка и ја признал грешката. Имено министерот бил на одмор во Иран со својата девојка, каде со себе го зел службениот мобилен телефон. Проблемот е во тоа што Норвешка нема потпишано со Иран договор за соработка во безбедноста.
А.М