• Latest

Новинарка на ТВ Сител набркана поради критика за Јанкуловска

March 11, 2016

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026

Москва е најголемиот губитник од падот на Орбан и Вучиќ

October 29, 2026

Избори во Србија: Прегласување на 53 избирачки места на 1 ноември, Студентската листа во предност

October 29, 2026

Парите и постизборна Србија: Сомнежи за трансфери кон Скопје и Москва, Алта банка под лупа

October 29, 2026

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Новинарка на ТВ Сител набркана поради критика за Јанкуловска

March 11, 2016 15:26
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Новинарката во Утринската програма на ТВ Сител, Кристина Атовска, наместо цвеќе за 8 Март, добила раскин на договорот со медиумот, бидејќи напишала колумна во порталот „Позитив“, во која ја критикува поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.Атовска за ЦИВИЛ Медиа изјави дека уредникот на Утринската програма на ТВ Сител, Александар Блажевски и соопштил дека е отпуштена од работа, бидејќи напишала критична колумна против Јанкуловска, но и дека Блажевски само ја пренел одлуката на раководството на медиумот.

Kristina Atovska, SITEL
Кристина Атовска

Таа во колумната напишала: „Срамно е Јанкуловска да зборува за противправно лишување од слобода како мерка за притисок. Притворените студенти од протестот се сеќаваат на оваа мерка на Јанкуловска. Томислав Кежаровски, а и Љубе Бошкоски, исто така, имаат многу да кажат на оваа тема. Срамно е да зборува за ПРАВНА држава, министерката која себеси се смета за посилна од правото. (Последната одлука на Уставен суд за можност за помилување за изборен криминал го докажува тоа). Така, дури и во случај да биде осудена, (случај оспоруван од судиите), таа ќе биде помилувана. Уставно. Па така, Јанкуловска е над Уставот. Навистина правна држава. Срамно е Јанкуловска да зборува за двојни стандарди, кога сите се сеќаваме на нејзините зборови од бомбите: државна работа на првиот кат, партиска работа еден кат погоре – две во едно…“

Атовска хонорарно била ангажирана во ТВ Сител од август 2014 година, а покрај хонорарната работа во телевизијата, била ангажирана и во порталот „Позитив“. Таа истакна дека отсекогаш ја почитувала уредувачката политика на телевизијата, согласно новинарските стандарди.

Tags: Кристина АтовскаМедиумиотказСителЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ