• Latest

Неуморниот прес центар на ВМРО-ДПМНЕ

November 23, 2017

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Први во Европа, но поточно по што?

August 22, 2026
Screenshot

Зеленски за нападот во Криви Рих: Апсолутно руско ѕверство, дефинитивно ќе одговориме

August 22, 2026
Гари Каспаров, цитат (фото извор: Енциклопедија Британика; графичка обработка: ЦИВИЛ МЕДИА)

Гари Каспаров: Единствениот начин руската агресија да не се повтори е таа да биде поразена во Украина

August 22, 2026

Националистичко месечарење – или – нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 21 септември

August 22, 2026

ТЕЦ Неготино произведуваше струја, државата штедеше, а случајот стана „криминал“: Како дојде до случајот „Мазут“?

August 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Пензија: морков кој никогаш не си го видел, на стап со кој те тепаат цел живот

August 22, 2026

КОМУ ИДЕ: ВМРО-ДПМНЕ не сака, но нуди предвремени избори, ДУИ ги бара веднаш, СДСМ не сака да биде „алиби“, а ВЛЕН возврати со напад на ДУИ

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Неуморниот прес центар на ВМРО-ДПМНЕ

November 23, 2017 11:00
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Прес центарот на ВМРО-ДПМНЕ работи неуморно. Тој продуцира по најмалку четири во текот на викендот, а меѓу седум и десет соопштенија и изјави за јавноста во работни денови. Како и секогаш, овој прес центар излегува со огромна количина информации и ставови кои ѝ ги нуди на македонската јавност. Многу често, тие ставови се бескрајно повторување на истото, а често се забележува и дека нема за што да се извести јавноста, но се инсистира на квантитетот по секоја цена. 

Пишува: Џабир Дерала

Како и секогаш, тежиштето на сите активности на прес центарот на оваа партија се на активностите и изјавите на нивниот лидер Никола Груевски, кој деновиве често ги посетува СЈО и Кривичен суд. Може да се претпостави, соопштенијата и изјавите одат во насока на дискредитирање на СЈО и на владата. Сепак, најголем дел од материјалот кој секојдневно се лансира во јавноста би можел лесно да се смести во категоријата псевдосодржини или псевдовести.

Подеднакво се застапени содржини во кои е очигледен обидот на партијата да поттикне отпор кон нормализирање и унапредување на меѓуетничките односи во земјата. Со други зборови, се задржува национал-шовинистичката ориентација на партијата и се прават сериозни обиди да се поттикне националистичка нетрпеливост и тензии.

Воедно, партијата вложува сериозни напори да ја нападне и осуети промената на курсот на земјата во поглед на подобрување на добрососедските односи и надминување на долгогодишниот спор со Грција. ЕУ и НАТО интегративните процеси речиси и не се третираат, во согласност со новите декларативни заложби на расклатениот врв на партијата дека се залагаат за евроатлантска интеграција.

Партијата очигледно се колеба и со поимот за конструктивност. Наспроти лутата изјава на Груевски дека ВМРО-ДПМНЕ повеќе нема да биде конструктивна опозиција, се забележува „полифонија“ и во овој поглед. Советниците на партијата во Град Скопје, сепак, најавија конструктивност. Слично нешто, партијата најави и во поглед на процесот за решавање на спорот со името, се разбира, со сите „ама“ и „ако“ и „нема да дозволиме“…

Прес центарот на ВМРО-ДПМНЕ е внимателен и буден. Така, кога ЦИВИЛ објави неофицијална информација дека Груевски се подготвува за оставка на 29 октомври (недела, неработен ден), прес центарот на партијата реагираше експресно, со демант во рок од два часа или помалку.

Тоа покажува дека агитпроп апаратот на ВМРО-ДПМНЕ е сѐ уште во добра кондиција, иако многу конфузен, но тоа не е новост. А оставката, веројатно, е одложена во очекување на развојот на проектот Жан Моне, во надеж дека ќе му биде вратен пасошот на Груевски за патување во Париз, на меѓупартиски разговори за надминување на разликите.

 


објавено во Плусинфо и Слободен печат (24/11/2017)

Tags: „Жан Моне“ВМРО-ДПМНЕдобрососедствоЕУинтеграциимеѓуетнички односиНАТОНикола ГруевскиПаризпрес центар
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ