• Latest
Фото: Скриншот

ОЧЕКУВАНО: Трамп ја обвини Украина дека ја започнала војната и застана на страната на Путин

February 19, 2025

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

ОЧЕКУВАНО: Трамп ја обвини Украина дека ја започнала војната и застана на страната на Путин

February 19, 2025 09:57
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПРОПАГАНДА, СВЕТ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Фото: Скриншот

Фото: Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Откако лажно ја обвини Украина за започнување на војната со Русија, ставајќи се директно на страната на воениот злосторник Путин, американскиот претседател ги повтори повеќето од барањата на Кремљ во преговорите, тврдејќи дека по разговорите со Русија во Саудиска Арабија, во кои Кијив не беше вклучен,  тој сега е поуверен дека може да се постигне мировен договор со Украина.

Тој сугерираше дека Кијив е виновен за војната што започна дури откако Русија ја нападна Украина, повторувајќи по којзнае кој пат дека  доколку тој бил претседател кога избила војната, ќе се погрижел Украина да добие се што сака.

Американскиот претседател сега вели дека е „разочаран“ поради поплаките на Украина дека е замрзната од дискусиите, откако Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е „изненадување“ што неговата земја не била поканета на разговорите

Трамп, исто така, сугерира дека Украина „можеше да направи договор“ порано.

Обвинувањата на Трамп доашаат откако украинскиот претседател Володимир Зеленски одби да го потпише нацрт-договорот со кој Доналд Трамп побара „отштета од 500 милијарди долари“ од Украина,
и предвидува целосна економска контрола на САД врз украинските пристаништа, инфраструктурата, нафтата, гасот и другите ресурси и 50% од приходите од екстракција на ресурси на Украина и половина од вредноста на новите лиценци издадени на трети страни, како и право на приоритет за купување извозни минерали.

На овој начин, Трамп реши да наметне репарации не на агресорот, туку на нападнатата земја! Навистина, зошто да се борите со силните кога можете да земете од слабите!
Во исто време, додека  Трамп изјавуваше дека разговорите со Русија поминале добро, и дека  „Русите сакаат војната да заврши“, руските воени злосторници ја нападнаа Одеса со балистички ракети и беспилотни летала, при што дел од градот остана без струја, откако беше погоденаа енергетската структура на градот, а оштетени се и болници, станбени згради.

Истовремено, започна оркестриран напад врз украинскиот претседател Зеленски на социјалната мрежа Х, во сопственост на поддржувачот и десната рака на Трамп, милијардерот Илон Маск.


Текстот е личен став на авторот
Tags: Владимир ПутинДоналд Трамппреговори САД -Русијаруска агресија врз Украина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ