• Latest

УНЕСКО да го заштити Охрид како природно и културно наследство

July 14, 2017

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

УНЕСКО да го заштити Охрид како природно и културно наследство

July 14, 2017 16:04
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Мораториум врз сите градежни зафати во охридскиот регион којшто е ставен целосно под заштита на УНЕСКО, како дел од светското природно и културно наследство, побараа активисти на граѓанската иницијатива „Охрид С.О.С“. Тие деновиве барањата ги испорачаа пред Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, на 41 седница, што се одржа во Кравков, Полска.

„Во одлуката на УНЕСКО, по извештајот од реактивната мисија која во Република Македонија престојуваше во април годинава, се налага надлежните во Македонија да се откажат од секциите ‘а’ и ‘е’ од експресниот пат А3 и патот да се симне во подолна категорија. Апелираме до УНЕСКО да наложи целосно повлекување на проектот за експресниот пат A3. Воедно, бараме од актуелната влада да се откаже од секакви идеи за патишта кои ќе поминуваат низ националниот парк ‘Галичица’. Иднината на регионот е во еко-туризам, не во патна инфраструктура низ недопрени и строго заштитени предели, која понатаму секако дека е можно да доведе до урбанизација и дополнителна деградација на природата во националниот парк“, изјавија од „Охрид С.О.С“.

Во обраќањето на 41 седница е спомнато и Студенчишко Блато, потребата од негова итна и сеопфатна заштита и ревитализација со што ќе се дозволи пределот да биде жариште на еко-туризмот, да почне да се развива и научниот туризам, од природни науки, па сè до археологија во околината на Студенчишко Блато.

„Додека ние се бориме со сите сили да го заштитиме и да го зачуваме единственото УНЕСКО подрајче што го имаме, граѓанските движења во развиени земји даваат сè од себе своите да ги стават на Листата на светско наследство во опасност, само поради една зграда или поради одобрен потенцијален проект, каков што е случајот со Виена и Ливерпул“, истакнуваат од „Охрид С.О.С“.

Инаку, граѓанската иницијатива „Охрид С.О.С“ беше единствена организација-набљудувач од Македонија, којашто беше поканета да учествува на оваа седница на УНЕСКО.

 

Tags: екологијазаштитакултурно наследствоМакедонијаОхридОхрид SOSОхридско Езероприродно наследствоУНЕСКО
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ