Државната изборна комисија го одби првиот приговор на ВМРО-ДПМНЕ за две избирачки места во Прилеп, 1356 и 1411. ВМРО-ДПМНЕ достави приговор до ДИК, затоа што на записникот што бил доставен до Општинската изборна комисија, не се потпишале сите членови на избирачките одбори.
Според првичните информации од ДИК, во Прилеп на овие локални избори победата ја однесе СДСМ и коалицијата со 15 советници, наспроти 12 советници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Илија Јованоски кандидатот на СДСМ за градоначалник на Прилеп, ја однесе победата со 23.607 гласови, поточно 2.690 гласови повеќе од Марјан Ристески, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, досегашен градоначалник на Прилеп, во три мандати.