• Latest
Џабир Дерала

Оној што ги крши човековите права и слободи е криминалец

December 10, 2021
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ЕДИТОРИЈАЛ

Оној што ги крши човековите права и слободи е криминалец

December 10, 2021 16:23
in ЕДИТОРИЈАЛ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Џабир Дерала

Џабир Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Кога на меѓународно ниво, Обединетите нации ќе го акцентираат основното човеково право на еднаквост и слобода на сите човекови права, може да биде сигнал дека работите тргнале наопаку.

Темата на Меѓународниот ден на човековите права во 2021 година е „Еднаквост, намалување на нееднаквостите, унапредување на човековите права“, врз основа на заедничката рамка за акција на системот на ОН: „Не оставаме никого зад себе: Еднаквост и недискриминација во срцето на одржливиот развој“. Заложбите се во согласност со напорите на ОН да ги поддржи земјите членки во спроведувањето на Агендата за одржлив развој 2030.

Звучи едноставно, но исто толку и недостижно. Особено кога тоа ќе се стави во бирократските рамки на меѓународните институции и во некоја децениска рамка. А човекот живее секој ден, секој час, секоја минута. И за да живее достоинствено, човекот треба да ги ужива основните човекови права и слободи.

Човековите права се во критична состојба насекаде во светот. Тоа стана очигледно особено по избивањето на пандемијата на КОВИД-19, но и во претходните години со најновите руски геополитички игри и хибридната војна меѓу глобалните центри на моќта. Оттаму и потребата да се вратиме „кон корените“, кон нагласување на основните човекови права и слободи.

„Сите човечки суштества се раѓаат слободни и еднакви по достоинство и права“, се вели во Универзалната декларација за човекови права која светот ја изгласа на 10 декември 1948, сакајќи засекогаш да ги испрати неизмерните човечки страдања во Втората светска војна. Тоа е и годината на Информбирото, кога Тито ѝ кажа НЕ на Сталиновата хегемонистичка политика. Во тоа време, Студената војна веќе беше разгорена, особено по усвојувањето на Трумановата доктрина во 1947/48 година.

Истовремено, од година во година, од деценија во деценија, барањата за почитување на човековите права и слободи стануваа сè погласни. Државите немаа друг излез, туку да ги слушнат тие барања, се разбира, откако претходно ќе утврдат дека полициските пендреци и водените топови не вршат работа, како оние во 1968 година. Или неодамнешните протести во САД под заедничкото мото „Black Lives Matter”.

Најпреведуван документ во светот, Универзалната декларација за човекови права стана и најмногу злоупотребуван. Иако е достапен насекаде, тој е сè уште непознат за голем број луѓе. Уште полошо е тоа што и оние што го читаат, недоволно го разбираат. Ова особено се однесува на универзалноста и неделивоста на човековите права – сите човекови права и слободи им припаѓаат на сите луѓе, само затоа што се родени како човечки суштества. Без исклучок. И никој нема право да ги оспори или повреди тие права. Значи, оној што ги крши човековите права и слободи е криминалец.

Центрите на моќта во овој сега веќе мултиполарен свет, не се колебаат да посегнат по основните човекови права и слободи. Притоа, со своите моќни пропагандни машинерии да ги направат невидливи своите постапки, политики и практики. Пропагандата и информацискиот хаос кој го генерираат автократските режими со седиште во Москва, Пекинг и низа други престолнини, вклучувајќи ја и самата Европска Унија, ја замаглуваат реалноста во која живее современиот човек.

Институциите чија мисија е заштита на човековите права и слободи често се неми пред сериозно кршење на човековите права, а поголем дел од граѓанското општество се занимава со салонски активности и „индексирање“, додека достоинството на човекот сè повеќе и сè почесто се гази под невешти изговори.

Што може да се прави по сето кажано? Гласност, солидарност и бескомпромисна заложба за човековите права и слободи на секој човек, без исклучок.

Борбата продолжува!

 


Creative Commons 4.0 (дозволено преземање, со линк до изворот).
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ