• Latest

Османи од Вилнус: Членството во НАТО и ЕУ ја гарантира регионалната и европската безбедност

July 12, 2023

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Османи од Вилнус: Членството во НАТО и ЕУ ја гарантира регионалната и европската безбедност

July 12, 2023 08:47
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ИЗЈАВИ
Share on FacebookShare on Twitter

Шефот на дипломатијата Бујар Османи, учествуваше на Состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на Алијансата, што се одржа во рамки на НАТО Самитот, во Вилнус.

Како што соопшти МНР, состанокот се одржа во светло на постигнатиот политички договор со кој Шведска се приклучува кон трансатлантското семејство, продолжувајќи го патот до полноправно членство како 32 земја членка на Алијансата. Ваквиот чекор, се наведува, ќе придонесе за понатамошното зајакнување на НАТО и гарантирањето долгорочна безбедност и стабилност на Евро-атлантскиот регион.

Воедно, беше нагласено значењето на политиката на отворени врати на НАТО, при што Османи истакна дека истата мора да продолжи од Западниот Балкан, со што ќе се заокружи евроатлантската ориентација на Балканот, па сѐ до Украина, која во моментов ја поднесува најголемата жртва во одбраната на принципите на Алијансата.

На состанокот, на кој учествуваа високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел, како и министрите за надворешни работи на земјите партнери изложени на ризик – Босна и Херцеговина, Грузија и Молдова, беше нагласено дека најсилна гаранција за регионалната и европската стабилност претставува членството во НАТО и Европската Унија.

-Силната поврзаност и соработката меѓу НАТО и ЕУ е особено значајна за стабилноста на нашиот регион, но и на целокупниот европски континент. Заеднички и посветено треба да работиме на забрзување на европските и евро-атлантските интегративни процеси на земјите од Западен Балкан како значајна алатка за зајакнување на регионалната безбедност, особено во актуелниот геополитичкиот контекст, нагласи Османи.

Воедно, министрите ја потврдија подготвеноста за натамошна поддршка и соработка на НАТО  со земјите партнери изложени на ризик, со цел зајакнување на нивната отпорност, на линија на одлуките усвоени на минатогодишниот Самит во Мадрид. Министерот Османи, се додава, ја реафирмираше нашата цврста политичка поддршка за нивната независност,  суверенитет и територијален интегритет, како и спремност за практична помош.

Сојузниците уште еднаш ја нагласија осудата на руската воена агресија, како и силната обединетост и единство во однос на поддршката за Украина, нагласувајќи ги заложбите за зголемување на долгорочната практична помош и поддршка на земјата, што ќе овозможи идна целосна интероперабилност со државите членки на НАТО, стои во соопштението.

Tags: Бујар ОсманиВилнусНАТОСамит
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ