• Latest

Османи пред СБ на ОН: Итно повлекување на руските воени сили од територијата на Украина

February 25, 2023

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи пред СБ на ОН: Итно повлекување на руските воени сили од територијата на Украина

February 25, 2023 10:23
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

На една година од руската инвазија врз Украина, министерот за надворешни работи Бујар Османи, од позиција претседавач со ОБСЕ, се обрати пред Советот за безбедност на Обединетите нации на отворената дебата за Украина на тема „Зајакнување на одговорноста и правдата за прекршување на меѓународното право“.

Оваа отворена дебата доаѓа по вчерашната 11-та Специјална итна седница на Генералното собрание на ОН, каде Османи, како што информираат од МНР, исто така имаше свое обраќање. На седницата на ОН беше усвоена Резолуцијата за праведен и траен мир во Украина. Во тој контекст, пред Советот за безбедност Османи истакна дека Северна Македонија ја поддржува оваа резолуција и е меѓу нејзините главни ко-спонзори. За зачувување на мирот и безбедноста, рече тој, потребна е максимална акција за придржување кон меѓународното право и меѓународното хуманитарно право.

Османи, како што информираат, во своето обраќање уште еднаш се осврна на нашата поддршка за суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Украина, во нејзините меѓународно признати граници. Ја обвини Русија за постојаните напади во урбаните области, оставајќи ги цивилите и градовите без пристап до основни човечки потреби.

Досегашните истраги во повеќето нападнати градови во Украина водат до заклучок дека се извршени воени злосторства и злосторства против човештвото, истакна Османи, споменувајќи и извршена сексуална злоупотреба и насилство врз жени и девојчиња, што е сериозно кршење на меѓународните човекови права и меѓународното хуманитарно право.

Сторителите на овие злосторства мора да одговараат и да бидат изведени пред лицето на правдата, потенцираше Османи. Тој нагласи дека како претседавач со ОБСЕ сака да стави акцент на Московскиот механизам на ОБСЕ како важен извор, со цел да се утврдат фактите за можните воени злосторства и злосторствата против човештвото. Ова е, рече Османи, со цел извршените злосторства да се презентираат пред релевантните механизми за одговорност, како и пред меѓународните судови или трибунали.

Го делиме ставот дека Меѓународниот кривичен суд е составен дел од мултилатералната архитектура која го поддржува владеењето на правото. Таа е централна институција во борбата против неказнивоста и потрагата по правда, нагласи Османи во своето обраќање.

Тој додаде дека целосно ја поддржува истрагата што ја започна обвинителот на Меѓународниот кривичен суд и ги поздрави и привремените мерки на Меѓународниот суд на правдата со кои ѝ се наложува на Русија веднаш да ги прекине воените операции.

Османи, се вели во соопштението од МНР, повика и на целосно искористување на постоечките механизми за човекови права како клучни за поддршка на процесите на одговорност, зборувајќи тука за Советот за човекови права. Овој Совет, согласно своите специјални процедури, треба да ги истражи повредите и злоупотребите на човековите права и поврзаните злосторства во контекст на руската војна против Украина.

На крајот на своето обраќање, Османи ја повика Руската Федерација да ја прекине војната и го повтори барањето за итен прекин на воената агресија врз Украина, како и за целосно и итно повлекување на нејзините сили од територијата на Украина.

Мора да го вратиме мирот и мора да надвладее одговорноста! Тие што направиле злосторства мора да бидат изведени пред лицето на правдата, заклучи Османи.

Tags: Војна во УкраинаговорЗлосторстваОНОсманиповлекувањеРусија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ