Продуктивна средба со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји, во рамки на работната посета во Брисел, со фокус на ЕУ-досието на земјава, објави на Фејсбук шефот на македонската дипломатија Бујар Османи.
-Во фокус: нашето ЕУ досие; високото ниво на подготвеност на нашата администрација за успешен скрининг процес; уставните измени како наша преземена обврска со цел забрзана интеграција во ЕУ. Северна Македонија останува посветена во реализацијата на најголемата надворешно – политичка стратешка цел до 2030 година, но и ЕУ да остане посветена и одлучна за забрзана интеграција на земјите од регионот, со цел опипливи економско-социјални придобивки за нашите граѓани, напиша Османи.
Од МНР соопштија дека министерот Османи е во работна посета на Брисел, каде заедно со неговите колеги од регионот ќе учествува на Советот за надворешни работи на ЕУ, посветен на Западен Балкан.
Покрај учеството на сесијата, и средбата со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, Османи ќе острвари бројни средби и со колеги од регионот и од земјите членки на Унијата.
М. Д.