• Latest

Османи-Росвал: Потребни ни се јасни знаци дека проширувањето на ЕУ до 2030 година е возможна мисија

May 2, 2023
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи-Росвал: Потребни ни се јасни знаци дека проширувањето на ЕУ до 2030 година е возможна мисија

May 2, 2023 17:57
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Европското досие на нашата држава и на регионот на Западен Балкан во светло на шведското претседателство со Советот на ЕУ беше во фокусот на денешната средба на министерот за надворешни работи Бујар Османи со министерката за европски прашања на Кралството Шведска, Џесика Росвал, која престојува во работна посета на Северна Македонија.

Како што соопшти МНР, на средбата Османи ги поздрави напорите на актуелното шведско претседателство со Советот на ЕУ во справувањето со чувствителни прашања во создадените комплексни геополитички околности, особено предизвикани со руската воена агресија против Украина. Во тој контекст, се додава, тој ја истакна воената, политичка и хуманитарна поддршка со која Северна Македонија придонесува во меѓународните напори за справување со агресијата, вклучително 100-процентно придружување кон сите санкции на ЕУ против Русија во поглед на случувањата во Украина.

Османи, на средбата, се наведува, брифираше за нашиот пристапен процес, со акцент на одвивањето на скрининг процесот и подготвителните активности во државата во насока на исполнување на предвидените обврски пред одржувањето на втората Меѓувладина конференција со ЕУ и отворањето на преговарачките кластери. Исто така, ја реафирмира заложбата на земјава да продолжи со дијалогот со Бугарија врз основа на взаемно почитување и разбирање.

Проширувањето на Унијата со земјите кои ги исполнуваат критериумите за членство е витално како за конкретните земји, така и за самата Унија. Потребни ни се јасни знаци дека проширувањето на европското семејство до 2030 година е возможна мисија, потенцира Османи.

Во конструктивен и пријателски разговор, министрите разменија мислења и за перспективата на политиката на ЕУ за проширувањето, со фокус на идеите за забрзана интеграција на земјите од Западен Балкан, како кредибилен и вистински чекор во насока на подобрување на демократскиот развој, зголемување на економските можности за државите и граѓаните, како и помагање на процесот на помирување во нашиот регион.

На средбата, министерот Османи ја повтори безрезервната поддршка на Северна Македонија за полноправно членство на Шведска во НАТО во најкус можен рок.

Во својство на претседавач со ОБСЕ, Османи ја запозна Росвал со актуелностите во однос на претседавањето со ОБСЕ низ призмата на утврдените приоритети, во кои европската безбедност и во тој контекст, Украина останува наш главен приоритет и клучно безбедносно прашање во рамки на ОБСЕ 2023, се наведува во соопштението.

Tags: 2030 годинаЕУМакедонијаОсманиподдршкапроширувањеРосвалсредба
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ