• Latest

Османи: Се приближува моментот за практична валоризација на Извештајот на ЕК

June 11, 2018

Вештачката интелигенција што создава подобра верзија од себе: Кога технологијата почнува да го забрзува сопствениот развој

September 5, 2026

СРПСКА СТВАРНОСТ: Нема избори без израелски прсти

September 5, 2026
Државни и воени почести за воениот злосторник, осуден доживотно од Хашкиот трибунал, Белград, 3 септември 2026

МРАЧЕН ЧИН: Србија го пречека ковчегот на воениот злосторник Младиќ со владин авион, војска и институционални почести

September 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Андонов со „викенд прашања“ до Мисајловски: За модернизацијата на Армијата, Воената академија и законската одговорност

September 5, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Без мажи – нема деца

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Муцунски - Сибига, Кијив, 4 септември 2026

Сибига и Муцунски во Кијив: Поддршка за Украина, европска интеграција и соработка во обновата

September 4, 2026

Воениот злосторник меѓу хашката пресуда и политичката митологија – анализа на Костовски

September 4, 2026
Фотографија: СДСМ

Филипче на одбележувањето на 35 години независност: Глигоров, Европа и одговорноста за иднината

September 4, 2026

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Османи: Се приближува моментот за практична валоризација на Извештајот на ЕК

June 11, 2018 15:36
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието денеска во рамки на 47. седница почна расправа за Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија. 

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи презентирајќи го Извештајот потенцираше дека на две недели од Самитот на ЕУ се приближува моментот на негова практична валоризација во однос на препораката за почнување преговори.

– Сигурно на крајот ќе биде политичка одлука која е обременета и од политичкиот контекс во која се наоѓа земјава, регионот и ЕУ, но наша обврска е до крајниот момент да ја убедиме секоја земја членка  дека РМ го заслужува ова и оти заслужуваме отворање на преговори, рече Османи.

Потврдата за тоа, дополни, може да се најде во содржината на Извештајот, каде од аспект на политичките критериуми Македонија  е на прво место по постигнатиот напредок. Ова е највисоката оценка за успехот во имплементацијата на Планот 3.6.9 чија цел беше адресирање на итните приоритетни реформи за да ја спасиме земјата од длабоката политичка и институционална криза и да ја вратиме на евроатлантската агенда, рече Османи.

Тој наведе и дека според Извештајот на ЕК Македонија е прва во Балканот и по економските критериуми во однос на приближувањето  во ЕУ, а од аспект на усогласување на домашното со европското законодавство е рамо до рамо со Србија и Црна Гора тн. водечки земји во регионот со кои поодамна преговара и кои имаат напредок во исполнување на тој критеирум.

– Во текот на овој процес создадовме нов политички квалитет во примената на реформи од Планот 3.6.9., рече Османи, оценувајќи ја позитивно работата на опозицијата која иако се вклучила на крајот на имплементацијата на реформите одиграла значајна улога за постигнување консензус и за успехот на самиот процес.

Во текот на расправата, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Никола Поповски рече дека ЕК не прави извештаи за Владата, туку за државата и оти во извештајот има права и одговорности од кои не треба да се бега. Наш најголем фокус, порача, треба да бидат внатрешните реформи кои се очекуваат од нас.

– Во ЕУ нас не не очекуваат за да ни ги решаваат проблемите, туку да помогнеме во проблемите таму и да покажеме дека имаме капацитет да ги решаваме сами нашите, рече Поповски.

Наш помал проблем денес, оцени, е политичката одлука и верувам дека лидерите  во ЕУ ќе согледаат колку и треба  Македонија на ЕУ за стабилност во регионот. Поголем проблем е нашиот  капацитет и во случајов капацитетот на оваа Влада да генерира реформи со кои Европа нема да бега од нас, нагласи Поповски.

Во реплика, Горан Мисовски од НСДП рече дека Македонија сега е пријател со сите во светот наспроти претходно кога изолирана  држава.

– Домаќинско работење напроти расипничко трошење на  парите на граѓаните, повисоки плати за сите напроти газење врз маката на граѓаните, слободна и отворена Влада наспроти страв, манипулација и заробена држава, мотивирани и растоварени ученици, наставници и родители наспроти лоши образовни експерименти и партиска и идеолошка контрола. Пријатели со сите во светот наспроти изолирана држава, посочи Мисовски.

Според Артан Групи од ДУИ, деветтата препорака за Македонија во Извештајот се разликува од претходните со тоа што означува завршување  на длабоката политичка криза во државата.

–  Главниот збор е завршувањето на кризата и враќањето на довербата на граѓаните во институциите на РМ и во процесот и кредибилитетот на евроатлантскиот сон. Тука стремежот ни е заеднички и се надевам дека ќе продолжиме заеднички, рече Груби.

Нам, оцени, не ни треба Брисел за да ни каже дека треба да работиме, дека треба да имаме независни медиуми, да ги решаваме прашањата со соседите за што ни треба внатрешен консензус без да се етикетираме.

Груби наведе и дека не може да се врати во трето читање закон со европско знаменце, без разлика на политичките аргументи дали тој треба или не треба и оти не може претседател на држава да не потпише указ на закон со европско знаменце гласан трипати во Собранието. – Не ни треба Брисел да дојде да ни каже дека не треба да се поднесуваат 40.000 амандмани во трето читање посебно за закон што носи европско знаменце. Не треба Брисел да ни каже затоа што знаеме самите, декларативно се изјаснуваме, но потоа го правиме сосема спротивното, рече Груби.

Претседателот на Собранието Талат Џафери објави  пауза до 15:30 часот, на барање на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев кој реагираше на отсуството на премиерот Зоран Заев од дебатата и заминувањето од собраниската седница на вицепремиерот Османи, наспроти, како што укажа, заложбите дека евроинтеграцијата е приоритет.

(МИА)

Tags: Бујар ОсманиВМРО-ДПМНЕСобрание на Република МакедонијаТалат Џафери
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ