Генералниот колегиум на Медиумската информативна агенција (МИА) реагира на денешниот вербален напад врз новинарка од МИА, Ангела Рајчевска.
При вршење на својата професија колешката беше вербално нападната од страна на обвинетиот Горан Дуковски во случајот „Ласкарци“, кој при обид таа да побара изјава од неговиот адвокат, обвинетиот ѝ упати погрдни зборови и пцовки со кои ја одврати од обидот.
Сметаме дека ваквото однесување е недозволиво и за осуда и бараме јавно извинување, а надлежните институции да преземат дејствија со кои во иднина ќе се спречат ваквите случувања кои влијаат деградирачки врз новинарската професија.
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изрази поддршка кон новинаркара од МИА.
Од ЗНМ потсетуваат дека новинарите и медиумските работници се прозорецот кон јавноста и цврсто застануваме во одбрана на нивното достоинство како и нивната безбедност.
ЦИВИЛ упатува изрази на солидарност со новинарката и целиот колегиум на МИА и остро го осудува секој напад и попречување на работата на медиумите.