Граѓански новинар кој побара да остане анонимен, на нашата адреса испрати неколку фотографии на пропаганден материјал од една од најголемите партии во Македонија, делен во скопската општина Бутел.
Во пакетчето има кафе, запалка, пенкало, како и промотивен материјал за кандидатот за градоначалник на на Бутел Велимир Смилевски и за кандидатот за градоначалник на Скопје, Петре Шилегов.
Граѓанскиот новинар, во својата порака ни напиша дека е благодарен за подарокот, но праша и дали ова е коректно и според законот или се работи за вулгарен поткуп на гласачите.
ЦИВИЛ Медиа, по консултација со експертите на организацијата, ќе го објави одговорот на ова прашање во текот на утрешниот ден.
Ермин Климента