„Различности, (не)дискриминација и искуства“ е темата на која ќе се отворат прашања на следниот панел на ЦИВИЛ, што ќе се одржи денес, 21 октомври (петок) во 13 часот во Прес студиото на организацијата.
Учесници на панелот се Даниел Петровски од Здружението Романо Ило, Фари Хисени портпарол на општина Чаир и Бојан Петровски од Асоцијација за политики и активизам. Настанот ќе го модерира Дијана Тахири од ЦИВИЛ.
Различни култури, различни општини, различни искуства во справување со дискриминацијата на локално и државно ниво е темата на која ќе дадат свои видувања учесниците на панелот.
Настанот е продолжение на серијата панели од проектот „Чекор напред кон мултикултурно општество“, во соработка со Министерството за надворешни работи и европски прашања на Големото Војводство Луксембург.
Настанот ќе се пренесува во живо на онлајн каналите на ЦИВИЛ, Фејсбук и Јутуб.