Тоа е Балканот. Простор каде што митовите, глупавите бајки и фактите се испреплетени. Балканот, каде што етничката омраза и шовинизмот ги креираат крволочни манијаци во националните академии на науките и уметностите, во политиката и институциите, на работните места, во училниците и универзитетските амфитеатри, во кафеаните и чајџилниците, на стадионите, па дури и во градинките…
…Заштитени со меѓусебното потценување и непознавање, секое етничко трло си гради митови за „големината“ на сопствената нација и „ништожноста“ на другите. И така, се создаваат и одржуваат во живот тие паралелни светови, со митови и лаги вткаени во секоја пора од животот…
Џабир Дерала
Национализам: Прпелкање во калта и јадење политички помии (1 дел)
27 септември 2020