• Latest

Патувањето на една Сиријка

June 14, 2018

ChatGPT, Claude и Grok имаа истовремени прекини: Што се случи на 3 септември

September 6, 2026
The Europe House, London, photo by European Commission

Украина и иднината на Европа: Украински, британски и европски парламентарци се среќаваат во Лондон

September 6, 2026

Вештачката интелигенција што создава подобра верзија од себе: Кога технологијата почнува да го забрзува сопствениот развој

September 5, 2026

СРПСКА СТВАРНОСТ: Нема избори без израелски прсти

September 5, 2026
Државни и воени почести за воениот злосторник, осуден доживотно од Хашкиот трибунал, Белград, 3 септември 2026

МРАЧЕН ЧИН: Србија го пречека ковчегот на воениот злосторник Младиќ со владин авион, војска и институционални почести

September 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Андонов со „викенд прашања“ до Мисајловски: За модернизацијата на Армијата, Воената академија и законската одговорност

September 5, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Без мажи – нема деца

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Муцунски - Сибига, Кијив, 4 септември 2026

Сибига и Муцунски во Кијив: Поддршка за Украина, европска интеграција и соработка во обновата

September 4, 2026

Воениот злосторник меѓу хашката пресуда и политичката митологија – анализа на Костовски

September 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Патувањето на една Сиријка

June 14, 2018 12:51
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Се викам Агрин, имам 25 години и доаѓам од Сирија. Ја напуштив својата земја заедно со сопругот поради војната. Мојот сопруг имаше продавница во Сирија и заработуваше добро, нашата финансиска ситуација беше добра таму. Но, неговата продавница беше бомбардирана и дел од мојот универзитет беше бомбардиран, исто така. Штотуку завршив трета година тогаш (студирав арапски јазик). Па тогаш решивме да заминеме.

Патувањето не беше воопшто лесно, прво отидовме во Турција и потоа во Грција. Да се стигне до Грција беше особено тешко, првиот обид беше неуспешен поради тоа што бевме со многу други луѓе, а чамецот беше екстремно мал, времето екстремно ветровито и мислевме дека ќе се удавиме во морето. Па се вративме во Турција. По некое време, се обидовме повторно и овој пат успеавме да стигнеме во Грција. За жал, во тој момент границите се затвараа, па заглавивме во Идомени на границата со Македонија.  Јас бев во четвртиот месец од бременоста тогаш. Поминавме околу четири месеци во Грција. Животот во мал шатор во Идомени беше напорен. Понекогаш беше премногу врнежливо, премногу сончево – а се што имавме беше мал шатор… Имаше толку многу луѓе заглавени во Идомени, не беше ни безбедно да останеме таму, особено за бремена жена.

Кога конечно успеавме да дојдеме во Македонија, отидовме во кампот во Гевгелија и се регистриравме. Таму останавме десет месеци. Се породив во Македонија, само една недела откако пристигнавме. Во кампот имавме соба, но ја делевме со уште едно семејство, па животот во една соба со нашето мало бебе и уште едно друго семејство исто така беше напорен. Решивме да побараме азил во Македонија, но по еден месец чекање, се плашевме дека никогаш нема да ни биде даден азил. Па решивме да се вратиме во Грција, каде што легално аплициравме за азил во ЕУ преку системот за релокација. Системот за релокација функционира само во земји-членки на ЕУ и не ја одбираш земјата каде што ќе бидеш пратен. По шест месеци чекање, конечно бевме пратени во Франција каде добивме статус на бегалци.

Благодарна сум на Македонците кои работеа и волонтираа во кампот во Гевгелија за сѐ што правеа. Иако не можеа да направат повеќе, ни дадоа топлина и насмевки, и покрај тоа што поголемиот дел од нашето патување е обременет со лоши спомени, ќе ги чуваме и добрите спомени. Сѐ уште одржувам контакт со некои од овие Македонци, понекогаш ме прашуваат како сум, им праќам слики од нашиот живот во Франција, од моето бебе и среќни се. Не сум ѝ лута на Македонија поради тоа што границите останаа затворени, бидејќи знам дека тоа не беше во рацете на Македонија. Наместо тоа, одлучувам да ги чувам добрите спомени – сите пријателствата кои ги стекнавме.


Приказните се собирани од активисти на Легис и се поддржани од GIZ во име на BMZ.

Ставовите изразени во оваа колумна не нужно се совпаѓаат со ставовите на Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammmenarbeit (GIZ) GMBH.

 

Tags: бегалцибегствоЛегисСирија
Share14TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ