• Latest

Петровска: НАТО ги отвори вратите за македонскиот бизнис сектор, креираме одржливи решенија за полесен пристап на компаниите на НАТО пазарот и подобрување на македонската економија

December 19, 2022

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026

ИНФОГРАФИК: „Блунами“ во САД – што донесе синиот бран и што е следно за Трамп и светот

November 4, 2026

Син бран ја менува Америка: Демократите го освоија Конгресот, Трамп ја губи политичката доминација во Вашингтон

November 4, 2026

Проширувањето на ЕУ забрзува, Северна Македонија ризикува да остане на маргините

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Петровска: НАТО ги отвори вратите за македонскиот бизнис сектор, креираме одржливи решенија за полесен пристап на компаниите на НАТО пазарот и подобрување на македонската економија

December 19, 2022 15:38
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ИЗЈАВИ
Share on FacebookShare on Twitter

„НАТО не е само безбедност, туку и економска шанса. Со членството во НАТО се создаде една голема можност компаниите од нашата земја да учествуваат во нивните тендерски постапки и да понудат производи кои би можеле да ги испорачаат за потребите на НАТО алијансата. Се работи за еден значителен буџет, којшто се мери во милијарди евра“, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешната информативна средба со претставници на бизнис-секторот во Стопанската комора на Република Северна Македонија.

Пред извршниот директор на Стопанската комора, Антони Пешев и македонските стопанственици, министерката Петровска порача дека како дел од евроатлантското семејство, Северна Македонија е доверлив и достоинствен сојузник и дека НАТО пазарот е компетитивен пазар којшто не треба да ни претставува пречка, туку да ни биде дополнителен мотив да бидеме подобри, поефикасни и поквалитетни.

„НАТО пазарот е потенцијал за дополнително раздвижување на целата наша економија, затоа што спектарот за потребите на НАТО за кои се распишуваат набавки е широк, а за огромен дел од тие потреби, во нашата земја има компании што ги нудат тие производи или услуги со конкурентни цени. Во нашата земја имаме големо производство кое може да биде понудено, пред сѐ во делот на прехранбената, текстилната, металната индустрија, како и во делот на пропратните логистички потреби“, рече министерката.

Петровска додаде дека бизнисот во Центарот за поддршка на компании во Министерството за одбрана има доверлив партнер кој е подготвен да помогне со сите информации и знаења за процедурата да биде полесна и поефикасна и да бидат исполнети пропишаните услови.

„До сега постапка за регистрација за учество на НАТО јавните набавки имаат направено 23 компании, но јас како министерка ве охрабрувам и ве поканувам заедно да ги искористиме овие можности, а со тоа да придонесеме за јакнење на економијата во државата.Овој Центар мора да се искористи. Нашата цел е да им помагаме на компаниите првенствено да извршат регистрација во НАТО агенциите, а потоа да добијат пристап до објавените тендери. Центарот е во функција на пренесување на научените лекции за успешно аплицирање на тендери, како и за поврзување на македонските компании со светските гиганти кои веќе имаат активни договори со НАТО агенциите, а имаат потреба од добавувачи“, рече министерката.

Во однос на поткомитетот „НАТО и бизнис заедницата“, кој е дел од проектот МКД НАТО 2030, министерката Петровска посочи дека целта е да се создаде сојузништво или партнерство, помеѓу Министерството за одбрана, граѓанското општество и коморите, со една единствена цел – да се креираат одржливи решенија кои што ќе придонесат за целосно искористување на нашите национални капацитети и потенцијали, а се во интерес на државата.

„Овој поткомитет преку заедничка соработка треба да овозможи ,конкретни мерки, конкретни активности преку кој ќе се олесни и значително ќе се подобри пристапот на нашите компании на НАТО пазарот, сè со цел да придонесе кон подобрување на македонската економија, меѓутоа и да се отворат нови работни места, заради тоа што НАТО алијансата е безбедност, меѓутоа дава и економска шанса на сите нас“, подвлече министерката.

Деталните активности на  поткомитетот „НАТО и бизнис заедницата“, со креирање на посебна програма за градење на алатки, механизми, постапки и посебни настани кои ќе го олеснат пристапот на македонските компании на НАТО пазарот беа образложени од страна на професорот Марјан Ѓуровски, претседател на комитетот „МКД НАТО 2030“.

Tags: бизнис заедницаМинистерство за одбранаНАТОСлавјанска ПетровскаСтопанска комора
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ